Воскресението е основата врз која почива христијанството, силата со која смртта и адот беа победени. Радоста на Воскресението Христово најпрво беше објавена од непосредните ученици Христови и од Неговите следбеници, на кои Воскреснатиот Сам им се јави и тие Го видоа и посведочија дека Он е жив. Таа, пак, радост, постојано се пренесува од генерација во генерација, и сведочи за Божјата сила и власт. Најдобрите и најсилните свидетели се неизбројните маченици, кои со силата на крстот и Воскресението, доброволно и со радост одеа во забите на ѕверовите и застануваа под рацете на џелатите. Не залудно и светите отци рекле: „Мачениците се семето од кое израсна Црквата Христова“. Еден од столбовите на светата Црква е и светиот великомаченик Ѓорѓи, чиј спомен го прославивме на вториот ден од Воскресението Христово. Според утврдената вековна традиција во градот Струга, на 07.05.2013 година, денот по Ѓурѓовден, продолжи прославувањето на великиот маченик.

Running Sneakers | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Откако беа пречекани моштите на светиот Ѓорѓи, торжествата продолжија со свечена Вечерна богослужба во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Велички г. Јосиф, и многубројното монаштво и свештенство од нашата епархија. По завршувањето на Вечерната, беше отпеано и Петолебието, а беше направена и Трисагија во спомен на починатите ктитори, свештеници и сите видни граѓани на градот Струга. Потоа, многубројниот верен народ, предводен од своите духовни водачи и закитен со светите мошти на Победоносецот, неговата чудотворна икона, кандила и крстови, излезе со свечена литија (еордија) низ струшките градски улици, свечено објавувајќи: Христос воскресе! Оваа година, светите мошти беа носени од видните граѓани на Струга: Ристе Гоџоски, Лазо Липоски, Наумче Мојсоски и Антоние Чуркоски, а честа да им се приклучи ја имаше и г-дин Јохан Тарчуловски, кој допатува во Струга, за да се помоли на светиот Ѓорѓи и да земе учество во овој свечен настан.

Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Христос воскресе!

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Како што знаеме, нашиот Спасител, Господ Исус Христос, повеќепати им зборува на Своите свети ученици, дека Он по сите страдања и распнувања, како и по погребението, на третиот ден ќе воскресне од мртвите. Така и се случува. Тој најпрво им се јавува на жените мироносици, кои брзаат кон гробот за да го помазат Неговото тело со мириси, а Христос ги пресретнува и ги поздравува со радосните зборови: „Радувајте се!” Потоа им се јавува на Своите апостоли, чија радост била толку голема, како што и самиот Господ Исус Христос им ја претскажал. Радоста била толку голема, што никој не можел да им ја одземе. Тие после Христовото воскресение не се плашеле од ништо. Живееле со Христовото воскресение и се труделе колку што е можно повеќе да го распространат царството Божјо, исполнувајќи ја волјата на Господа Исуса Христа и проповедајќи го крштението во Него и во Светата Троица.

Учениците Го виделе Господа Исуса Христа, затоа и постанале благовесници на Христовото воскресение. Од тој момент, тие биле подготвени да ги поднесат сите маки, страдања и гонења, па дури и своите животи да ги жртвуваат за служење и проповедање на Христа распнатиот, погребаниот, но и воскреснатиот. Ако Христос не беше воскреснал, тие немаше да го видат. Ако, пак, тие не Го виделе, немаше да бидат убедени во Неговото воскресение и немаше да бидат сеодани сведоци на воскреснатиот Спасител. Дали може една невистина да се проповеда низ целиот свет, а истовремено, да се биде подготвен за неа и да се страда и ако треба и животот да се даде? Такво нешто историјата не познава. Но, ние ги знаеме зборовите на еден од најголемите проповедници на Распнатиот, светиот апостол Павле: „До овој час ние и гладуваме, и жедуваме, и необлечени одиме, се мачиме и се потураме по светов, но се трудиме, работејќи со своите раце. Кога нè укоруваат, ние благословуваме, а кога нè гонат - трпиме; кога хулат на нас, ние се утешуваме. Станавме како сметиште на овој свет, како отпад на сите луѓе” (1 Кор. 4, 11-13). Такво доброволно служење прима само човек, кој е убеден во вистинитоста и кој навистина Го видел Господа. Такво очевидно сведоштво имале токму апостолите, инаку апостол Павле не би напишал: „Ако, пак, Христос не воскреснал, тогаш празна е нашата проповед, празна е и вашата вера”. (1 Кор. 15, 14). Заради тоа, сознанието на апостолите во Христовото воскресение, го потврдува воскресението несомнено јасно, бидејќи тие биле сведоци и Го виделе со нивните очи воскреснатиот Господ, Кој воскреснал и во нивниот овоземен живот.

Дали и ние можеме како апостолите да кажеме дека Го видевме Господа? Тоа е важно за нас и за нашето спасение. Ако се загледаме подлабоко во нашиот живот, со сигурност можеме да одговориме дека Го видовме Господа. Он воскресна и жив е. Но, се поставува прашањето: кога и како Го видовме? Го видовме воскреснат во Неговата света Црква, која Он ја основа со Неговите страдања, смрт и со Неговото воскресение. Бидејќи е речено „Од Сион, кој е врв на убавината, ќе се појави Бог” (Пс. 49, 2). Духот Божји престојува во светата Црква и го раѓа нејзиниот внатрешен живот. Во Црквата е и Самиот Господ Исус Христос, бидејќи се вели: „Каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас посреде нив” (Мт. 18, 20). Светата Црква е достоинството Христово, за кое Он се предаде Себе Си... за да ја освети и да ја очисти, и да ја покаже непорочна (Ефес. 5,25-27).

Во Неговата света Црква, верниците, уште од самиот почеток, се раѓаат за нов живот. Такви биле сите ученици на Христа. Такви биле и светите луѓе, кои биле издигнати дури до третото небо, до Престолот Божји. Тоа биле луѓе кои живееле духовен живот, исполнет со добродетели и ревносни во правење на доброто и за зачувување на вистината и светоста.

Ние можеме да кажеме дека Го видовме Господа Воскреснатиот и во Неговите безброј следбеници низ сите векови. Најпрво Го видовме во светоста на Неговите ученици, на Неговите подвижници и на сите свети луѓе. Најпосле Го видовме и во животот на обичните луѓе, кои се препородуваа преку Него. Го гледаме Господа Исуса Христа и преку Неговите свети маченици, кои заради Него ги дадоа своите животи. Таков е и светиот великомаченик Ѓорѓи, чии мошти денеска ги целиваме, и кој заради Христа и Неговото свето Евангелие, ја жртвува својата младост, својата перспективна кариера и сите благодети што ги дава положбата која му била нудена од Римскиот император. Но, воскресението Христово и верата православна нуди нешто што е побитно, повредно и потрајно, а тоа е вечниот и блажен живот. Токму заради тоа, свети Ѓорѓи се определил, и временото го жртвувал за вечното.  Го гледаме Христа и преку целата историја во изминатите 20 века.

Но, најважно е секој еден од нас да си одговори на прашањето: дали Го има видено во својот сопствен живот? Тоа значи дали Христос е воскреснат во нашиот живот и во нашите срца? Ако Он е воскреснат во нас самите, тогаш ние ќе одиме во обновен живот, и ќе можеме да кажеме: „И така, ние се погребавме со Него преку крштавањето во смртта, та, како што Христос воскресна од мртвите преку славата на Отецот, така и ние да одиме во обновен живот” (Рим. 6, 4). Тогаш ние ќе размислуваме за тоа што е свето и божествено. Ако он е жив во нашето срце, тогаш и тоа ќе биде живо. Ако Он е жив во нашата совест и таа ќе биде жива. Ако е жив во нашата душа, тогаш и таа ќе живее. Ние самите знаеме дали го гледаме воскресението Христово во нас. Ова прашање треба постојано да си го поставуваме и да си одговориме, секогаш кога усрдно се трудиме воскреснатиот да биде жив во нас.

Има многу слабости кои нè попречуваат постојано да Го видиме Господа во себе и да Го почувствуваме во нашите срца. Како што знаеме, по воскресението на Господа Исуса Христа, двајца од Неговите ученици патувале за Емаус. Тие си разговарале за сè што се случило тие денови во Ерусалим, а по воскресението Христово. Имале слушнато дека некои кои поверувале Го виделе воскреснатиот. Тогаш им се придружил непознат Патник. Нивните очи им се замрежиле и ти не Го познале Господа Исуса Христа Воскреснатиот. Но, кога пристигнале во Емаус, Он им се открил (Лк. 24, 13-31). И нашите погледи честопати се замрежени, но не од жал за Господа Исуса Христа, туку за овој свет, не од љубов кон Христа, туку кон светот. Нашите очи и срца се попречени да Го видат Господа, заради многуте желби кои светот ги раѓа во него.
Гревот пак, може да доведе не само до замаглување на очите, туку и до ослепување, па и покрај нашата вера да не можеме да Го видиме живиот Христос во нас. Заради тоа, треба да Го молиме Господа Исуса Христа Воскреснатиот, да ни ја засили верата и ревноста, па преку Неговата воскресна сила да се препородат нашите срца, совест и душа и да Го видиме во нашите постапки, во нашите дела и во нашите односи кон сите луѓе. И не само ние да го видиме, туку и другите да видат дека во нас живее Воскреснатиот Спасител.

Христос воскресе!

Трет ден Велигден и свечена еордија во Струга
07.05.2013 година
храм „Св. вмч. Ѓорѓи“ Струга

eord2013

eord2013 2

eord2013 4

eord2013 6

eord2013 8

eord2013 10

eord2013 12

eord2013 14

eord2013 16

eord2013 18

eord2013 20

eord2013 22

eord2013 24

eord2013 26

eord2013 28

eord2013 30

eord2013 32

eord2013 34

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1