„Дево Богородице, излеј ја врз мене благодатта на зборот, за да те воспеам како извор на кој на верните им врие живот и благодат, бидејќи од тебе истече Словото ипостасно“ (песна од Канонот на Светли Петок).

На ден 10.05.2013 година, на Светли Петок, односно денот посветен на споменот на Обновувањето на храмот на Пресвета Богородица, наречен Живоносен Извор, како и чудесата што се случиле во него, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Водосвет во Светла седмица и беше прекршен празничниот колач. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Authentic Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Митрополит Тимотеј

Христос Воскресе!

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Само пред една седмица, нашата света Црква нè повикуваше да земеме учество во страдањата и распнувањето на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Тоа страшно и ужасно дело се случи на Голгота, каде Христос, Синот Божји, ги зеде гревовите на севкупниот човечки род врз Себе. Ние ги созерцававме Неговите маки, ги слушавме омаловажувањата и подбивањата со Неговата сеправедност. Таму ја видовме и Неговата света Мајка, која ги преживуваше маките и страдањата на нејзиниот сакан Син. Многумина сострадуваа со нејзиното страдање и плачеа со нејзиното плачење. И најпосле се слушна Неговиот сладок глас: „Немој да ридаш за Мене, мајко, за Синот што Го зачна во утробата бессемено, зашто ќе воскреснам и ќе се прославам, и како Бог, со слава ќе ги вознесам оние што со вера и љубов те величаат” (9-та песна од Велика сабота).

Поминало време, и жалоста се сменила во радост, како за Божјата Мајка, така и за сите нас. Ние, пак, восхитено ги слушаме радосните зборови на ангелот, кој вели: „Чиста Дево, радувај се! Твојот Син воскресна од гробот по три дена и мртвите ги подигна: луѓе веселете се”.

Денеска, пак, ние, како вистински христијани, сме собрани во овој свет храм, посветен на Пресвета Богородица, за да го исполниме повикот на ангелот и да се радуваме и веселиме за нејзиниот Син, Кој воскресна од мртвите. И на крај, денеска и Пресветата Дева Марија заедно со нас се радува и се моли на Бога, односно на нејзиниот сакан Син.

Таа неизмерно ги сака сите луѓе. Заради преголемата Божествена љубов и милоста што ја покажува кон светот, Светата се нарекува „Живоносен Извор“. Како што од природниот извор извира вода, со којашто луѓето се мијат и ја гасат жедта, и од која се натопува жедната земја, така и Пресвета Дева Марија му источила на светот Жива Вода - Господа Исуса Христа, Спасителот на светот. Он, пак, го измил нашето осквернување и ја угасил жедта на целата земја и на севкупното човештво, кое се измачувало од тежината на гревот, проклетството и смртта. Пресветата Богородица послужила на ова големо дело за нашето спасение. Од неа засветило Сонцето на Правдата, Кое ни дава живот и сè што ни е потребно. Ние заедно со неа го оплакувавме најсаканото нејзино Чедо. Но, денеска со неа и радосно пееме и се веселиме за Неговото станување од гробот.

Да ја прославиме верни Царицата Небеска. Да испросиме од неа мајчинско застапништво и да ја измолиме нејзината милост, која таа обилно ја излива врз оние, кои и се обраќаат за помош. Радосно да повикаме кон неа: Пресвета Богородице, удостој нè секогаш да се причестуваме од твојот Живоносен Извор! Научи нè да Го сакаме Твојот Син и да ја исполнуваме Неговата света волја! Помогни ни да ја сочуваме радоста на Христовото воскресение и просветли нè, та да се удостоиме заедно со ангелите да ти пееме: „Ангел вопијаше“!

Светли Петок
храм „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид
10.05.2013 година

istbal2013

istbal2013 2

istbal2013 4

istbal2013 6

istbal2013 8

istbal2013 10

istbal2013 12

istbal2013 14

istbal2013 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1