„Божествениот Еразмо, кој е дом на добродетелите, извор на чудеса, слава на архиереите и радост на страдалниците, нè повика нас, верните, да го прославиме неговиот сесветол спомен, весело и соборно“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. Еразмо Охридски).

Навистина, да го прославиме сесветиот спомен на свештеномаченикот Еразмо, кој го поучуваше народот во Охрид уште на самите почетоци на христијанството и ја всадуваше верата во Бога во срцата на верните охриѓани. Затоа и ние денеска, соборно и со радост во срцата, го посетуваме неговото земно пребивалиште, преку кое тој се искачи во небесните висини.

Прославувањето на славниот свештеномаченик, започна на 14.06.2013 година, во манастирот „Св. Еразмо Охридски“ во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високошреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната, беше благословено петолебието.

url clone | adidas Yeezy Boost 350

Празнувањето на големиот подвижник продолжи утредента, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на  протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј ги поздрави неизбројните верници со поучно слово и им го честита великиот ден на светиот Еразмо.  

sveraz2013

sveraz2013 2

sveraz2013 4

sveraz2013 6

sveraz2013 8

sveraz2013 10

sveraz2013 12

sveraz2013 14

sveraz2013 16

sveraz2013 18

sveraz2013 20

sveraz2013 22

svetcetv2013

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1