Почитта кон сесловенските просветители, рамноапостолните Кирил и Методиј, солунските браќа, е голема и неискажлива, и тоа не само кај словенските народи, туку и во целиот свет. Безбројни се светилиштата посветени на нивниот спомен, зашто тие целиот свој живот го потрошија и го дадоа за да ги просветлат и научат на словото Божјо словенските народи, меѓу кои е и нивниот и нашиот – македонскиот.

По иницијатива на игуменот на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а со благослов на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, солунските браќа добија свое светилиште и во манастирот на Белото Езеро, изграден од нивниот ученик и следбеник, светиот Наум Охридскиот Чудотворец. Параклисот е изграден во 2005 година, според проект на архитектот Тодор Паскали, а изведувач е Митан-пром од Охрид. Фрескоживописот е дело на Антоние и Василка Чуркоски од Струга, иконостасот е дело на Тони Ристески од Прилеп, а иконите на иконостасот ги изработи Дарко Трпчески од Скопје.

jordan Sneakers | Nike Shoes

На 16.06.2013 година беше извршено осветувањето на параклисот „Св. Кирил и Методиј“ во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а потоа беше отслужена и света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, свештеникот Никола Христоски, еромонахот Доситеј и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!

Човекот е создаден за вечен живот. За тоа ни сведочи Боголиката душа, која постојано тежнее и чезнее за Бога. Во денешното свето Евангелие ги слушнавме извонредно значајните зборови: „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа (Јн. 17, 3). Овие зборови содржат извонредна длабочина, и според своето значење, тие не можат да се споредат со ниту едно друго место во Евангелието. Тука Господ јасно ни открива зошто го дал Својот живот како Син Човечки, но истовремено, Он ја открива и тајната на Своето Божество. И во една реченица, што нам ни ја објавува, ја искажал содржината на целокупната наша вера.

Господ Исус Христос доаѓа во овој свет за да ни понуди вечен живот и за да имаме живот во изобилие. Но, се поставува прашањето: како се постигнува живот вечен? Тој се добива со вера во Бога и исполнување на волјата Божја овде на земјава. На ова прашање ни дава јасен и прецизен одговор и Самиот Господ Христос во денешното Евангелие, во веќе кажаните зборови: „А животот вечен е тоа, да Те познаат Тебе Единиот вистински Бог, и испратениот од Тебе Исуса Христа (Јн. 17, 3). Но, сега се поставува и друго прашање: дали може Бог да биде предмет на нашето сознание? Дали може човекот со својот ограничен ум да Го запознае неограничениот Бог? Во една од молитвите на св. Јован Златоуст се вели: „...Ти си Бог неискажлив, неспознатлив, невидлив, недостижен...“. Ние Бога не можеме да Го запознаеме во Неговата суштина. Ние можеме да ги дознаеме Неговите својства, но, само доколку Он ни се открие по патот на Божјото откровение, и тоа како по природен, така и по натприроден пат.

Во природата Бог се открива како Семоќен Творец на сè видливо и невидливо, а во историјата како Промислител. Преку избрани и свети луѓе, Бог ни ја открива Својата Божествена волја, а преку Својот Единороден Син, Он ни се открил Самиот Себеси. Св. Јован Богослов во светото Евангелие вели: „Бога никој никогаш не Го видел; Единородниот Син, Којшто е во прегратките на Отецот - Он Го објави“ (Јн. 1,18). Синот Божји затоа и дојде во овој свет: за да ни даде разум да Го запознаеме Вистинскиот Бог, за што ни сведочи и евангелистот Јован. Преку познавањето на Бога и Неговиот закон, ние ја исполнуваме и Неговата света волја. Знаеме дека Господ Исус Христос има речено: „Вистина, вистина ви велам: кој ќе ги запази зборовите Мои, нема да види смрт довека“ (Јн. 8,51). Кој живее според зборовите Божји и ги исполнува заповедите Божји, тој има и живот вечен.

Животот вечен му се открива на човекот тогаш, кога ќе Го запознае Бога, преку Исуса Христа. Сè останато во животот на човекот е второстепено, неважно и периферно. Целта на човековиот живот, а за која и првородителот Адам беше создаден, е учеството во радоста и љубовта на вечниот Бог.

Како што знаеме од историјата, човечкиот ум се обидувал да Го запознае Бога на безброј начини: преку разни овоземни претстави, преку идоли, природни појави, громови, ветрови, стихии, разни филозофски правци и слично. Но, сето тоа паѓа како прав и пепел пред вистинскиот Бог, Кој ни се открива преку Господа Исуса Христа. Спасението го наоѓа само оној, кој ќе Го запознае Вистинскиот Бог. Уште од самиот почеток на историјата на христијанството се појавуваат лажни учители и пророци, кои се обидувале вистината и претставата за Бога да ја претстават на погрешни и лажни начини. Затоа и Црквата се борела против таквите ереси и ги осудувала, како на Вселенските, така и на Помесните собори. Оваа недела, Црквата ја посветува на светите отци, кои учествувале на Првиот вселенски собор, и кои ја бранеле вистината и правдата, вистинското учење на православната Црква. Така, во 325 година бил свикан Првиот вселенски собор во Никеја, каде ќе биде осудено лажното учење на антиохискиот презвитер Ариј. Овој еретик учел дека Господ Исус Христос не е вистински Син Божји, Кој суштествува од самиот почеток со Бога Отца, туку е роден во одредено време и е Син Човечки. Ова учење го осудуваат 318 свети отци и тогаш е создаден првиот дел од Символот на верата, каде јасно и гласно се дефинира учењето на нашата света Црква. Потоа ќе се одржат уште шест Вселенски собори, кои исто така ќе ги дефинираат догмите на нашата света Црква. За време на овие собори учествувале големи подвижници, маченици, страдалници за верата, но никој од нив не сакал да се истакне со своите заслуги, туку сите еднодушно и едномислено, со кротост и трпеливост, ги дефинирале догмите на нашата света Црква. Затоа и светата Црква им го чествува нивниот спомен во оваа недела пред раѓањето на Црквата Христова, односно пред Педесетница.

Ние, денеска, ја осветивме капелата посветена на светите рамноапостоли Кирил и Методиј, сесловенските просветители и учители, направена во овој свет манастир, посветен на еден од нивните следбеници, светиот Наум Охридскиот чудотворец. Овие двајца Богомудри браќа поднеле страшни маки и страдања за да ги просветат словенските народи со Евангелието на Христа. Нивната мисија е огромна, почнувајќи од создавањето на словенската азбука, па сè до преводот на богослужбените книги и проповедањето на светото слово Божјо, кое просветлува и осветлува. Затоа денеска со искрена молитва да им се обратиме и на нив, како и на светите отци, тие да бидат наши молитвеници, чувари, утврдители на верата православна во нашите души, во нашите срца, па вистински да Го запознаеме Бога, преку Исуса Христа, и да имаме вечен живот, сега и во сета вечност. Амин!

16.06.2013 година
Недела на св. отци и св. мч. Лукијан Римски
параклис „Св. Кирил и Методиј“,
ман. „Св. наум Охридски“ Охрид

osvkapsvn2013

osvkapsvn2013 2

osvkapsvn2013 4

osvkapsvn2013 6

osvkapsvn2013 8

osvkapsvn2013 10

osvkapsvn2013 12

osvkapsvn2013 14

osvkapsvn2013 16

osvkapsvn2013 18

osvkapsvn2013 20

osvkapsvn2013 22

osvkapsvn2013 24

osvkapsvn2013 26

osvkapsvn2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1