На 25.01.2015 година, во 33 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-чка Татјана и св. мч. Петар Авесаломит, во храмот „Св. вмч. Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Љубомир Милошевски, протоереј Александар Ивановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

bridge media | NIKE

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри!

Според црковниот поредок, на неделата пред цариникот и фарисејот, секогаш се чита параболата за Закхеј. И ние денеска, на св. Литургија, ги слушнавме зборовите како Господ Исус Христос поминувал покрај некоја смоква. Таму, пак, еден цариник по име Закхеј, кој имал огромна желба да Го види Христа, а бидејќи бил низок по раст, се качил на ова дрво, дрво покрај кое требало да помине Христос (Лука 19, 1 – 10). Кога Христос пристигнал до дрвото, застанал, погледнал нагоре и го забележал Закхеј и му рекол: „Закхеј, слези побргу, зашто денес треба да бидам во твојот дом". Овој човек се израдувал дека во неговиот дом ќе влезе Самиот Господ. Примајќи Го со радост, изјавил: „Половината од својот имот ќе ја дадам на сиромаси; и ако некого сум оштетил, четворно ќе вратам", а Христос пак му одговорил: „Денес дојде спасението за овој дом,зашто и тој е син Авраамов".

Оваа парабола, може да ни послужи како порака за многу работи. Но, посебно ни напомнува за нашиот дом. Во нашиот дом присуствува Господ. Ние не се сомневаме дека Господ присуствува во храмот, и дека таму го чувствуваме Божјото присуство. Но, Бога потребно е да Го чувствуваме и да Го носиме од Домот Божји во нашиот живот. Да Го носиме во нас и кога се наоѓаме во храмот Божји и кога сме во нашиот топол дом, или, пак, кога сме на одмор, и на нашите работни места и слично. Господ ќе биде присутен, ако и ние, со отворено срце Го примиме исто онака како што Го примил Загреј. Господ сака да присуствува во нашиот живот и не се гнаси од нашите ниски човечки желби и страсти. Он не гледа, дали е тоа дом на богат и е раскошен дворец, или кој седи во комфорен кабинет на голема и богата компанија, или, пак, е обична скромна канцеларија или дом на сиромав и слично.

Цариникот Закхеј не бил голем човек, чијашто професија не била ценета, туку, напротив, била презирана. Цариниците го собирале данокот на Римската империја и затоа луѓето негодувале: „Отиде во дом на грешен човек". Но, тоа е мислењето на тогашниот народ, а мислењето Божјо е сосем поинакво. Господ не се срами од него туку му одговара со спасителни зборови и оди во неговиот дом. Така Господ ги посетува сите луѓе, кои со чисто срце и отворена душа одат кон Него и бараат средба. За Господа нема богати и сиромаси, високи и ниски, успешни и неуспешни бизнисмени, за Него сите луѓе се еднакви.

Бог ја пројавува Својата благодат, посебно врз луѓето кои според мнението на овој свет, се појавуваат како последни и незначајни, бедни и неугледни во општеството. Покрај нив луѓето поминуваат и ги одминуваат како да не постојат. Но, Господ никогаш не постапува така. Он не поминува покрај човек а да не го забележи. Господ секогаш погледнува во неговото срце, бидејќи за Спасителот секој човек е скапоцен.

И ние денеска, слушајќи ја оваа парабола, да си поставиме за задача и да се замислиме, како Божјото присуство што го почувствувавме во овој прекрасен храм, и благодатта која ја примивме преку светата тајна Евхаристија, како таа благодат и тој благослов да го однесеме во нашите домови, на нашите работни места, кај нашите блиски пријатели и комшии. Треба да размислиме за тоа дека нашиот живот треба да биде продолжение на Литургијата, а нашиот дом да постане продолжение на храмот. Само тогаш Господ ќе биде со нас. Секогаш и секаде ќе ни помага во семејниот и во професионалниот живот. Ќе ни помага во односите со тие со кои соработуваме, како кон тие што ни се јавуваат како наши претпоставени и кон тие на кои сме им ние претпоставени, а во односите со нашите блиски и далечни, секогаш ќе наоѓаме заеднички јазик.

Господ ќе дојде и се ќе постави на свое место, само потребно е нашето срце да е отворено за Него. Па затоа,да се помолиме на Господа Исуса Христа да ни даде отворено срце. Да Го молиме секогаш да пребива со нас и да ни помага. Да биде со нас и во татковината и во туѓината. Да биде секогаш присутен во нашиот живот, та да можеме достоинствено да одиме кон спасението,и да живееме онака како што бара нашата света Црква. Па и ние со отворено срце да го примиме Христа и да спечалиме вечен живот како што спечалил и цариникот Закхеј од денешното свето Евангелие. Нека е слава на Севишниот, сега и секогаш и во вечни векови. Амин!

25.01.2015
33. недела по Педесетница
храм „Св. Димитриј"– Волонгонг, Австралија

1900561 1560073134234408 8124876332051271683 o

10258211 1560073617567693 1446841109063568228 o

10372904 1560074660900922 8495137309908236890 o

10828020 1560073620901026 5017639782491895539 o

10835396 1560073907567664 194436391297040689 o

10842163 1560073240901064 2038987047033401870 o

10860825 1560073854234336 3422572526999434307 o

10931041 1560073484234373 5325141698386058300 o

10931683 1560074427567612 2815246663668190900 o

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1