„Светлина е Отецот, Светлина е Словото, Светлина е и Светиот Дух, Кој на апостолите им се испрати во вид на огнени јазици, и преку Него целиот свет се просветлува, да ја почитува Света Троица“ (стихира на Слава... на Егзапостилар).

Во педесеттиот ден по славното Воскресение Христово, се исполнува ветувањето на Спасителот, дека Он никогаш нема да ги остави Своите ученици сами, туку ќе им Го испрати Утешителот, Светиот Дух, Кој ќе ја утврди Црквата, и вратите на пеколот нема да ја надвладеат. Во овој светол ден, на 23.06.2013 година, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Кирил Јованоски и Ромео Петрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верното стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest jordans | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Денеска светата Црква ја прославува Педесетницата. Тоа е педесеттиот ден по страдањето, распнувањето и погребението, односно од славното Христово воскресение. Ова е денот кога Светиот Дух слегува врз апостолите. На денешен ден светата Троица преку Светиот Дух ја излива својата благодат врз апостолите Христови и ги облагородува, утврдува и зацврстува во верата Христова. Благодатта која слегува врз нив ги прави од слаби – силни, од колебливи - непоколебливи, од неуки - учени, од плашливи - храбри, неустрашливи и подготвени да го прошират и да го пренесат словото Божјо по целата вселена. Затоа денешниот празник уште се нарекува и роденден на Црквата Христова. 

Духот Божји престојува во Црквата Христова и ја утврдува и закрепува, за таа да може да ги надвладее сите овоземни маки, страдања и искушенија. Во Евангелието се вели: „и вратите на пеколот нема да ја надвладеат” (Мт. 16, 18), бидејќи нема таква сила, па дури и адската, која може да Го надвладее Бога. На таа длабока вера се заснова сето наше христијанско разбирање на светот и на целокупната историја на човечкиот род.

Поминаа повеќе од две илјади години откако Црквата Христова одолеа на сите искушенија и страдања во својата долга историја. Се менуваа римски императори, кои ја прогонуваа и ја уништуваа. Се менуваа и разни политички системи, кои, исто така, кој повеќе, кој помалку, сакаа Црквата да ја истребат или да ја направат нивна слугинка. На почетокот на 20 век, се појавија кумунистичко-социјалистичките движења, кои се обидуваа Црквата да ја уништат и верата да ја избришат кај сите народи на Земјината топка, а тоа, со помал интензитет, се случуваше и кај нас. Но, како што знаеме и гледаме, сите тие системи пропаднаа и од нив нема ниту камен на камен. Верата, пак, се умножува и преумножува од ден на ден и сè повеќе и повеќе се шири, се проповеда и се всадува во душите и срцата на младите.

Најголем сведок за тоа е денешна Русија, каде што Црквата и верата беа маргинизирани и доведени до истребување. Како пример, ќе наведеме дека во некои населени места со по неколку милиони жители, имало само еден единствен храм на некои гробишта, а од едно до друго место каде што имало храм, требало да се патува по 3000, па дури и 4000 километри. Но, со давањето на слобода и паѓањето на комунизмот, денеска во Русија се обновуваат манастири и цркви, кои претставуваат цели градови. Уште поважно е тоа дека тие се полни со верници и во еден храм се служат по неколку литургии на ден.

Пред наши очи се потврдува дека Црквата не е од овој век и дека Светиот Дух ја чува и обитава во неа. Тој и дава обилни дарови, за верните да можат да ги ползуваат преку светите Тајни, каде што Светиот Дух им се раздава на христијаните. Единствен услов благодатта Божја да се излива врз христијаните е тие да го избегнуваат гревот, лагата, неправдата, а да стануваат приврзаници на добродетелите, на вистината, на правдата, на љубовта и да го почитуваат црковниот ред и поредок. Светиот Дух нема да свети и да слегува кај оној човек, кој не приоѓа со  искрена вера и покајание, бидејќи како луѓе од овој свет постојано грешиме.

И на денешен ден, кога Светиот Дух слегол врз апостолите и ја утврдил Црквата на земјата, да се помолиме Тој да испрати благослов и да ја излие благодатта во нашите души и срца, па да можеме да ја исполнуваме волјата Божја и да живееме според црковниот ред и поредок, а на тој начин да спечалиме вечен живот, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!

23.06.2013 година
Педесетница - Духовден
храм „Света Троица“ Охрид

duhov20134

duhov20134 2

duhov20134 4

duhov20134 6

duhov20134 8

duhov20134 10

duhov20134 12

duhov20134 14

duhov20134 16

duhov20134 18

duhov20134 20

duhov20134 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1