„Преподобен (Науме), кој и сега достојно го благовестиш прекрасниот мир кој секаков ум надминува, дивите народи мизијски, кои беа како диви ѕверови, си ги ставил во прегратките Христови. Затоа испроси непоколеблив мир и милост голема“ (седален по прва катизма на преп. Наум Охридски).

Словенските народи, меѓу кои и македонскиот, имаат свои големи заштитиници во мнозина светители и просветители. Тие Го познале Бога благодарение на многуте проповедници на словото Божјо, меѓу кои се издвојуваат светите браќа Кирил и Методиј, кои го посеале семето христијанско меѓу Словените. Но, кога зборуваме за македонскиот народ, особено за градот Охрид, ништо помалку важни не се и нивните двајца верни ученици и следбеници, светиот Климент Охридски и преподобниот Наум Охридски. Првиот несебично ги учел и подготвувал верните во својот Универзитет, а вториот, подвизувајќи се во својата ќелија на Белото Езеро, им помагал и ги лечел сите кои од него со вера барале помош.

latest jordans | Sneakers

Затоа и на 03.07.2013 година, денот кога го прославивме споменот на преподобниот и богоносен отец наш Наум Охридскиот Чудотворец, манастирот беше претесен за да го собере сиот народ, дојден од цела Македонија, но и од соседната Албанија. Прославувањето на учителот на нашите татковци, започна ден претходно, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, архимандрит Партениј, еромонахот Доситеј, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Саше Ристов и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. На Вечерната присуствуваше и нашиот надлежен архиереј, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Торжествувањето продолжи утредента, со свечена архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, во сослужение на Митрополитите Тимотеј и Иларион, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереј-ставрофор Тоди Јован, еромонахот Доситеј, свештеникот Димче Азески, протоѓаконот Саше Ристов и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Архиепископот Стефан се обрати со пригодна беседа во чест на преподобниот Наум.  

svnaumlet2013

svnaumlet2013 2

svnaumlet2013 4

svnaumlet2013 6

svnaumlet2013 8

svnaumlet2013 10

svnaumlet2013 12

svnaumlet2013 14

svnaumlet2013 16

svnaumlet2013 18

svnaumlet2013 20

svnaumlet2013 22

svnaumlet2013 24

svnaumlet2013 26

svnaumlet2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1