„Распламтени со љубовта за Господа, крстот на подвигот со љубов го подигнавте, живеејќи во обителта на Богомајката, преподобен Евнувие, и Пјсие божествен, сепочитуван Аверкие; на Троица поклоници, чија Божественост јасно возвестувајќи ја, од верните на Агара бевте посечени“ (кондак на пречистанските преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј).

Една година по впишувањето на пречистанските преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј во диптихот на светиите, Семилостивиот Господ повторно нè собра во Пречистанскиот манастир, за да го прославиме спомен на тројцата рајски жители, кои бранејќи ги верата и Црквата, маченички пострадаа заради Христа. Овој светол празник, кога го прославуваме споменот и на великиот пророк Илија, но и на борбата на македонскиот народ за слобода на Црквата и Татковината, започна да се прославува на 01.08.2013 година, со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Брегалнички г. Иларион, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоерите Војне Ристески и Стевчо Тошевски, свештениците Ристо Камбуроски, Никола Христоски, Горан Ставрески и Александар Матески, протоѓаконот Сашо Ристов и ѓаконот Саше Целески. На Вечерната богослужба, присуствуваше и нашиот надлежен Митрополит, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј.

Sport media | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Торжествувањето на небесните жители продолжи утредента на 02.08.2013 година, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Иларион, Епископот Лешочки Јосиф, архимандритите Нектариј и Партениј, протоереите Војне Ристески и Борислав Лазов, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески, еромонахот Ефросиниј, протоѓаконите Сашо Ристов и Николче Ѓурѓиноски и ѓаконите Васко Голабоски, Саше Целески и Кире.
По завршувањето на Литургијата, беше извршен Парастос за сите востаници од преилинденскиот, илинденскиот и поилинденскиот период, кои го дале својот живот за одбрана на Црквата и Татковината.

На овој наш голем православен и национален празник, книжевниот фонд на нашата Епархија беше збогатен со уште едно значајно дело, монографијата „Пречиста Кичевска“. Автор на оваа прекрасна монографија е д-р Сашо Цветковски, а промотор на истата беше почитуваниот академик проф. д-р Цветан Грозданов. Академикот Грозданов го пофали овој најнов труд за манастирот Пречиста, кој со својата студиозност открива многу нови моменти за ова светилиште. Тоа особено важи за донаторите во овој манастир, но и за неговата непоколебливост, кога е во прашање одржувањето и негувањето на словенското писмо. Иако многу блиску до тогаш фанариотското седиште на Охридската архиепископија, манастирот во ниту еден момент не потпаднал под притисокот да се отфрли словенската писменост. Професорот Грозданов, како  особено важно, го истакна историското сознание за улогата на големиот мецена и ктитор на манастирот Пречиста, но и на други манастири во околината и пошироко, кратовскиот кнез, кир Димитар Пепиќ, чие богатство и моќ се засновале на експлоатација на железна руда и бакар во Железнец.         

На Литургијата беше прочитано и Илинденското послание, во кое Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква, меѓу другото, на верниот македонски народ му порача:

Возљубени чеда на мајката Македонска Црква,
Пред сите овие борци за духовна и национална слобода, од пророкот Илија, па сè до илинденците, ние денес стоиме со благодарност, но и со одговорноста за живеење според вредностите што тие ни ги предадоа. Најсилни сме кога сме единствени и тоа не смееме никогаш да го забораваме. Заканите однадвор, за жал, сè уште не престанале, па поради тоа мораме да бидеме будни со цврста духовна и национална свест и обединетост, како во Татковината, така и насекаде во светот каде што нè има.
Но она со што можат да ни наштетат другите, не е ништо во споредба со опасноста во која самите можеме да се доведеме. Постоењето на еден народ, вклучително и на македонскиот, е Божја волја и дар, па затоа треба особено внимание да посветиме на градење духовно здраво и многудетно семејство. Многупати досега сме апелирале и порачувале, а еве и овојпат со загриженост истак­нуваме дека меѓу Македонците морталитетот е повисок од наталитетот! И дали сме свесни кон што тоа нè води? –Не треба да ни е здодевно кога се потсетуваме за исти нешта ако тие за нас се полезни (сп. Фил. 3, 1) –Духовната криза се надминува само со духовни средства! Егоизмот и себељубието се основа за криза во семејствата. Затоа главниот услов за постоење на вистински здраво христијанско семејство е грижата за стекнување на несебична и нелицемерна љубов кон Бога, кон луѓето и кон својот род. Учејќи ги младите генерации на овие вредности, ние ќе дадеме најголем придонес во опстојот и развојот на нашиот македонски народ. Тоа се пораки од нашите предци, а наше е да ги прифатиме, усвоиме и примениме.
Нека им е вечен споменот на сите борци за слобода на Македонија!
Честитајќи ви го Илинден, ви посакуваме мир и благослов од Бога!“

На крај, кон верниот народ се обрати и нашиот надлежен архиереј, Митрополитот Тимотеј, кој се осврна на животот на пречистанските преподобномаченици Евнувиј, Пајсиј и Аверкиј. Митрополитот особено ја истакна нивната улога во опстојувањео на овој манастир, како и нивната пожртвуваност во борбата за зачувување на православието. Тие беспоштедно застанале во одбрана на манастирот пред неверните војски, но затоа и Господ ги наградил со рајски венец. Митрополитот Тимотеј порача да ги земеме овие светии за наш пример и секогаш да ја прифаќаме Божјата волја како наша волја и заповед.

 

ilind2013

ilind2013 2

ilind2013 4

ilind2013 6

ilind2013 8

ilind2013 10

ilind2013 12

ilind2013 14

ilind2013 16

ilind2013 18

ilind2013 20

ilind2013 22

ilind2013 24

ilind2013 26

ilind2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1