Овоплотениот Бог Го препознаваме преку пишаниот збор на Евангелието, но и преку иконичното, односното ликовното изобразување. Новата радосна вест за овоплотувањето на Спасителот, за Неговото присуство меѓу луѓето, за обожувањето на човечката природа, најпрво преку овоплотениот Бог, а преку Него и преку Пресветата Владичица и сите светии, е изразена во христијанската уметност. Затоа и големите зографи на Црквата Христова се вистински теолози, кои во своите дела ја насликувале Евангелската, но и историјата на вечноста.

Еден од тие теолози, кои во своите дела ја испишал речиси сета Библија, е големиот иконописец од времето на преродбата, Димитрија Дичо Зограф. По повод големиот Јубилеј – 140 години од неговото упокојување, на 17.10.2013 година, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија, беше одржан Меѓународен научен собир, на кој настапија учесници од Македонија, Бугарија и Србија. Собирот го отвори претседателот на организациониот одбор на Собирот, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, со поздравен говор, кој подолу во целост ви го пренесуваме. Собирот беше збогатен со присуството на градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, д-р Валентина Божиновска, академик Цветан Грозданов, академик Вера Битракова-Грозданова, амбасадорот на Р. Македонија во Ватикан, д-р Ѓоко Ѓорѓевски, како и други гости. Покрај поздравниот говор на Митрополитот Тимотеј, со поздравно обраќање се обрати и почитуваниот академик Цветан Грозданов. На собирот учествуваа:

buy shoes | Altra Timp 3 Review , Best Trail Running Shoes 2021

Ратомир Грозданоски
„Библиските пораки, мисли и содржини кај Дичо Зограф“

Николче Ѓурѓиноски
„Богослужбени текстови во живописот на Дичо Зограф“

Дејан Борисов
„Административно-црковната важност на град Скопје од неговото создавање до средината на XIX век“

Сашо Цветковски
„Новооткриени икони на Дичо Зограф во црквите во Дебарско и Солун“

Викторија Попоска Коробар
„Легендите и фактите за сликарството на Дичо Крстевич во Лазарополе“

Викторија Грозданова Коцевски
„Фреско-живописот на Дичо Зограф во црквите од скопскиот регион“

Ристо Палигора
„Белешки за творештвото на Дичо Зограф во Пелагонија и Преспа“

Иванка Гергова
„Икони на Дичо Зограф в с. Дебрене, Санданско“

Ралица Русева
„Иконографската традиция на св. Седмочисленици и творчеството на Дичо Зограф“

Мариела Стојкова
„Икони на Дичо Зограф и зографите от неговия кръг в българските колекции“

Славица Крстиќ
„Творештвото на Дичо Зограф во Кумановско“

Гордана Келиќ
„Две иконе из документације Неготинског музеја: Прилог проучавању делатности Дича Зографа у шестој деценији XIX века“

Во продолжение ви го пренесуваме говорот на Митрополитот Тимотеј.

Митрополит Тимотеј

Почитувани,

Чест ми е, како архиереј на Македонската православна црква, поточно како митрополит на Дебарско-кичевската епархија, со седиште во свештениот Охрид, да Ве поздравам и да Ви посакам топло добредојде во овој дом, закрилен од светите Климент и Наум, Охридските Чудотворци. Особено би сакал да го поздравам присуството на градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески, академикот Цветан Грозданов и академикот Вера Битракова-Грозданова, директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, д-р Валентина Божиновска, учесниците на овој Собир, почитуваните известувачи на македонските информативни, електронски и пишани медиуми и на сите почитувачи на Македонската православна црква и на делото на нашиот познат иконописец, Димитрија Дичо Зограф. Уште еднаш Ве поздравувам и Ви посакувам пријатно да се чувствувате во Охрид.

Денеска се собравме да одбележиме еден голем Јубилеј – 140 години од упокојувањето на нашиот најголем уметник во втората половина на 19 век. Дичо Зограф, од село Тресонче, а од Дебарската држава, како што тој некаде се потпишува, со неговото творештво ја задолжил Македонската православна црква, а особено нашата Епархија. Неговото дело ги надминува границите на Македонската православна црква, и тој треба да биде изучуван и проучуван од целокупната македонска културна јавност, па и од соседните балкански православни народи. Некој можеби ќе праша: Зошто одбележуваме ваков Јубилеј, кој не прави некоја посебна целина? Одговорот би бил: затоа што ако чекаме 150 години, во меѓувреме ќе уследи уште еден Јубилеј - 200 години од неговото раѓање, кој сам по себе претставува уште поголем повод за негова прослава. Но, мотивот за да го организираме овој скромен Научен собир, е да одговориме на предизвиците, но, исто така, и да поттикнеме поголем интерес во стручната научна јавност во расветлувањето и проучувањето  на делото на овој наш великан. Како што кажав, Дичо зограф ја задолжува севкупната македонска културна јавност, но посебно Дебарско-кичевската епархија, за што може да се наведат повеќе причини. Тука ќе истакнеме само неколку. Најпрво, тој е роден и израснат во Тресонче, во Реканскиот крај, кој е под управа на нашата Епархија. Второ, на просторите на Епархијата се забележани, евидентирани и сочувани првите дела на Дичо Зограф, кои датираат од последните години на првата половина на 19 век. И трето, но не и најмалку важно, е тоа што и последните дела од неговото творештво се забележани на просторите на оваа Епархија. Овој Собир замислуваме и посакуваме да биде продлабочување на научните достигнувања, кои беа публикувани со поголем интензитет во последните 5-6 години, од љубителите на црковната уметност и проучувачите на делото на овој наш македонски Микеланџело. Благодарам на вниманието и Ви посакувам пријатна работа.

jubdico2013

jubdico2013 2

jubdico2013 4

jubdico2013 6

jubdico2013 8

jubdico2013 10

jubdico2013 12

jubdico2013 14

jubdico2013 16

jubdico2013 18

jubdico2013 20

jubdico2013 22

jubdico2013 24

jubdico2013 26

jubdico2013 28

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1