„Преподобен Науме, светлината на твоето учење болсна во земјата Македонска, затоа, како и небото, си ја проповедал славата Господова, светлејќи и самиот ти појасно од Сонцето. Поради тоа си привел кон Христа Бога мноштво Македонци, кои од срце поверуваа. Сега и нив спомни ги, имајќи смелост пред Господа“ (Литиска стихира на преподобен Наум Охридски).

На 05.01.2014 година, во Неделата пред Рождеството Христово, посветена на светите Отци, го прославивме споменот на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. Централното празнување се одржа во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, а започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот, протоереј-ставрофор Славе Јованов, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Атанас Казанџиски и Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски.

Nike Sneakers Store | Air Jordan 1 Retro High OG "UNC Patent" Obsidian/Blue Chill-White For Sale – Fitforhealth

Прославата на двата големи празници продолжи утредента со света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставорофор Славе Јованов, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Литургијата беше разубавена со прекрасното пеење на машкиот хор од Охрид, а на задоволство на сите беше и присуството на голем број верници, кои подготвени пристапија кон светата Чаша. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон своето верно стадо со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

 

Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!
  
Денеска, во Неделата пред Рождеството Христово, која Црквата ја посветува на светите отци, се собравме во овој свет манастир, посветен на свети Наум Охридски. Целокупниот човечки живот треба да биде во општење со Бога, затоа што родот човечки е творба на Божјата рака и е подобие Негово. Господ, како Отец, го сака Своето создание. Но, исто така, и ние луѓето сме должни синовски да одговориме на Бога со нашата одана љубов.

Бог е неизменет во Својата љубов, додека, пак, човекот постојано покажува променливост кон Бога. Свети апостол Павле, во Второто послание до Тимотеј, вели: „Ако не веруваме, Он останува верен, бидејќи Сам себеси не може да се одрече“ (2Тим. 2,13). Секогаш кога човекот снеможувал - тој се заблудувал по своите животни патишта и отстапувал од Бога. Но, Господ, независно од тоа, го сакал човечкиот род, му помагал и му ветува Спасител, Кој ќе дојде да го избави од ропството на гревот. Човечкиот род не успеал до крај да ја почувствува горчината на гревот и отстапувањето од Бога, а сè поради Божјата татковска љубов, како што Он и му дава ветување. Уште од создавањето, првите наши прародители Адам и Ева ја прекршиле заповедта Божја да не јадат од забранетиот плод. Но, Семилостивиот Бог, и покрај тоа што ги казнува, им ветува избавување и спасение. Долги векови луѓето живееле со таа вера и во тоа ветување Божјо. Господ многукратно и на многу начини му ги повторувал на родот човечки Своите ветувања, потврдувајќи ја Својата бесконечна милост и љубов. Идниот свет Го очекувал Спасителот, а таа вера и очекување ги поткрепувал преку своите свети избраници во секој род, преку пророштвата, чудата и разните видливи знаци.

Подготвувајќи се во овие претпразнични денови на Рождеството Христово, светата Црква секојдневно нè подготвува со достоинство да Го пресретнеме Оној, Кој доаѓа во светот, Христа Спасителот. Како што во деновите на старозаветните години, па и милениуми пред Христа, Господ ја зацврстувал слабата вера кај луѓето, така и сега Црквата, како наша сакана мајка, нè укрепува и нè воведува во овие пресветли дни на Рождеството Христово и во тајната на воплотувањето. Минатата недела светата Црква ја посветила во чест и памет на светите праотци, а денес, пак, во чест и спомен на светите отци. Денеска, во Евангелието според Матеј, ние ги слушнавме имињата на светите отци, од Авраама па до раѓањето Христово. Затоа да се поучиме од нивните животи и од нивната вера. Овој период содржи неколку десетици векови. За време на овој долг период, од колено на колено се пренесувало преданието за Божјото ветување за овоплотувањето на Синот Божји, кое ја зацврстувало верата и надежта за доаѓањето на Господа Христа. Светото Евангелие ги набројува луѓето кои живееле со вера и кои се пројавуваат како праотци на Христа по тело. Од Авраама до Давида поминале 14 колена; и од Давида до преселувањето Вавилонско 14 колена; и од преселувањето до раѓањето на Христа уште 14 колена.

Сите овие споменати луѓе ја живееле верата на Оној, Кого Го очекувале да дојде. Ние веруваме во овоплотувањето на Христа Бога. Претходните генерации во Стариот завет ја живееле таа вера и оделе во темнина, додека, пак, ние живееме во времето на Божествената благодат и вистина и одиме во светлината Христова. Сите овие луѓе живееле со надеж во иднината и таа надеж ги спасила. Ние ја знаеме вистината и секојдневно ја чувствуваме Божествената љубов, ги имаме животворното Тело и Крв на Божествениот Агнец, ги имаме светите Тајни и обилните благодатни Божји дарови. Ете со колкава огромна предност ние се ползуваме во споредба на старозаветното човештво! Вдлабочувајќи се во историјата пред раѓањето Христово, поттикнати сме да искажеме должна почит пред верата на луѓето од Стариот завет, кои не знаеле за Христа, но цврсто верувале во Него и се надевале во Него. Да бидеме благодарни на Бога, Кој во Црквата Христова ни се даде Самиот Себе. Со неговото Боговоплотување, Он се сроди со нас и нè соедини со небесниот Отец, со врската на светоста; ги соедини небото и земјата и нè спаси од пропаст.

Драги браќа и сестри!
Овие денови, сите ние во нашите домови се подготвуваме да го дочекаме Божик. Нашите мајки, сопруги и сите во куќите ги подготвуваат собите, ги чистат, ги проветруваат и се подготвуваат да Го дочекаат најсаканиот гостин, Господа Исуса Христа. Сето тоа е добро и корисно, но не и доволно. Да си поставиме едно прашање: со што можеме ние да Го угостиме овој драг Гостин?

Некогаш, во Витлеемската пештера, блажениот Ероним го упатил ова молитвено прашање: „Господи Исусе Христе, Спасителе мој, поради мене си легнал во груби витлеемски јасли; поради мене си го изнел тешкиот крст на Голгота, си страдал и си бил распнат; поради мене си легнал во ладен гроб - со што да Ти се оддолжам за овие направени добродетели?“ Овој учител на Црквата на таинствен начин добил одговор на своето прашање и го слушнал Божјиот глас: „Дај ми го своето покајание и со тоа очисти го твоето срце. Тоа нека постане отсега сосуд и храм на Светиот Дух. Тој храм ќе биде секогаш полн со благодатен мир и љубов“. Да го подготвиме и ние со чистота, светост и светлина нашето срце, како подарок за Христа Бога, Кој нè посетува. Тоа би бил најдрагоцениот дар од нас грешниците за безгрешниот Бог.

Но, прославувајќи го денеска и свети Наум Охридскиот Чудотворец, треба да се потсетиме дека и тој, со неговиот чист, непорочен и свет живот, постанал храм и пребивалиште на Светиот Дух. Затоа и Бог го обдарил да може да претстои пред лицето Божјо и да ги принесува молитвите за сите, кои со покајание, пост и молитва му се обраќаат за помош. Сите ние денес, коишто сме собрани во неговиот свет манастир, да му се обратиме со искрена и топла молитва, тој да ходатајствува пред Бога за нас. Така, измиени и очистени од сите пороци и страсти, и ние да постанеме сосуди Божји и достоинствено да Го дочекаме и примиме Богомладенецот Христос. Истовремено, да Го прегрнеме и да се соединиме со Него за живот вечен, сега и во сите векови. Амин!
  
    05.01.2014 година
Недела пред Рождество Христово и
свети Наум Охридски Чудотворец
ман. „Св. Наум Охридски“ 

svnaumzim2014 1

svnaumzim2014 3

svnaumzim2014 5

svnaumzim2014 7

svnaumzim2014 9

svnaumzim2014 11

svnaumzim2014 13

svnaumzim2014 15

svnaumzim2014 17

svnaumzim2014 19

svnaumzim2014 21

svnaumzim2014 23

svnaumzim2014 25

svnaumzim2014 27

svnaumzim2014 29

svnaumzim2014 31

svnaumzim2014 33

svnaumzim2014 35

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1