„Да се очистиме, браќа, со царицата на добродетелите (покајанието), зашто, ете, таа дојде, давајќи ни богатства на добра: таа ги лекува раните на страстите и со Господа ги смирува оние што згрешиле; затоа со радост да ја примиме, викајќи кон Христа Бога: Ти, Кој воскресна од мртвите, неосудени запази нè, нас кои Те славиме Тебе, единствениот безгрешен“ (хвалитна стихира на Недела Месопусна).

На 23.02.2104 година, во денот на Месопусната Недела и споменот на светиот свештеномаченик Харалапмиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а истата беше збогатена со прекрасното пеење на двата хора, едниот, помладиот, хорот при храмот „Пресвета Богородица – Каменско“, а другиот - машкиот црковен хор „Св. Климент Охридски“.

Best Nike Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger

Старешината на храмот, свештеникот Димче Азески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон верните со пригодна беседа, во која ги потсети дека христијаните не треба да живеат мрзеливо, туку одговорно и добродетелно, знаејќи дека Бог е милостив, но, истовремено, и праведен. А животот може да ни биде добродетелен, единствено ако имаме безгранична љубов кон Бога и ближните, за што пример треба да ни бидат неизбројното мноштво светии, а меѓу нив и светиот свештеномаченик Харалампиј, чиј спомен денеска го прославуваме.

По завршувањето на Литургијата, според типикот на православната Црква за денот кога го прославуваме светиот Харалампиј, беше извршен и Чинот на осветување на медот.  

svharal2014 1

svharal2014 3

svharal2014 5

svharal2014 7

svharal2014 9

svharal2014 11

svharal2014 13

svharal2014 15

svharal2014 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1