„Господи и Владико на мојот живот, не давај ми дух на мрзливост, изнемоштеност, властољубивост и празнословие“ (дел од великопосната молитва на св. Ефрем Сирин).

На 02.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, со Вечерната богослужба и со чинот на меѓусебното простување го  започнавме Великиот и спасителен Велигденски пост. На Вечерната богослужба чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештеник Димче Азески, протоѓакон Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба и откако беше прочитана молитвата на почетокот на Великиот пост, клирот и верниот народ си побараа прошка еден со друг, а Митрополитот Тимотеј им се обрати на верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | Nike

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Светата православна Црква со Вечерната богослужба го започнува спасителниот Велигденски пост. Како што знаеме и како што видовме, тој започнува вечерва со посебен чин, во кој бараме проштевање на нашите престапи и тоа не е случајно. Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, го започнува своето прво обраќање кон луѓето со зборовите: „Покајте се, бидејќи се приближи Царството Божјо“ (Мт. 4,17). Доколку сериозно и подлабоко се замислиме над овие зборови, природно ќе ни се постави прашањето: зошто уште на самиот почеток на Својата проповед, Господ Христос зборува за приближување на Царството Божјо, а таа проповед се одржала пред 2000 години? Ете, поминаа толку векови, но Царството  Божјо не настапи на земјата. Од Евангелието знаеме дека Господ Исус Христос повеќепати зборува за приближување на Царството Божјо. Па, така, испраќајќи ги апостолите на проповед, им вели: „Проповедајте и кажувајте дека с приближи Царството небесно“ (Мт. 10,7). Овие зборови од светото Евангелие содржат во себе голема вистина. Со доаѓањето на Спасителот во овој свет, Царството Божјо постанува достапно за секој човек. Со други зборови, ако живееме со љубов и со почит кон законите и прописите, што ни ги дава Спасителот и светата Црква, тогаш ние ќе имаме можност да го здобиеме Царството Божјо.

Тоа Царство Божјо, кое според зборовите на Господа Христа е „внатре во нас“ (Лк. 17,21), е Царство на мирот, радоста, правдата, љубовта и блаженствата. Царството Божјо е полнота на постоењето во овој свет и живот во идниот век. Ако сакаме со уште појасен јазик да го опишеме тоа Царство, би кажале: тоа е најголема и апсолутна среќа од која ништо подобро не постои. Но, за да го заслужиме, неопходно постои и услов. Тоа е како некој влезен билет, а за да се добие тој билет, мора да се исполни основниот услов - покајанието. Можеби за мнозина ќе изгледа чудно и несфатливо дека за влез во тоа Царство не ни треба ништо што е престижно и важно во овој свет: ниту научни титули, ниту успешни бизниси, ниту посакувани овоземни положби, за кои многумина од овој свет тежнеат. Наоѓањето на Царството Божјо не зависи од ништо од ова. Не е воопшто важно дали некој зазема силна и важна положба во општеството, дали е богат или учен, или каква и да е друга категорија. Единствено нешто што е неопходно и потребно е искреното покајание. Потоа, откако ќе се исполни овој услов, Царството се открива на сите, како на богатите, така и на бедните; како на многу силните, така и на многу слабите.

Зошто за да се наследи Царството Божјо е неопходно искрено покајание? Затоа што Царството Божјо е местото, каде престојува Бог, каде нема зло, тага неправда и морални падови. Ние, од нашиот секојдневен живот, знаеме дека кога ќе се помеша светлината со темнината, настанува самрак. А тоа не е светлина, туку полутемнина. Така е таму каде што господари гревот и злото. Таму не може да биде во целост ниту Божјата правда, ниту, пак, Царството Божјо.

Секој еден од нас, заради нашите слабости, носи во себе неправда и гнев. Понекогаш тие знаат да се сродат во нашето живеење и да ги ползуваме за наши лични постигнувања во овој свет и живот. Вечерва, во очи на Великиот пост, ние сме должни да размислуваме за нашиот живот и јасно  да сфатиме кој е нашиот грев и престап. Да сфатиме дека токму тоа тешко бреме на гревот и нашата неправда се пречки за нашето влегување во Царството Божјо. Господ со Неговата голема милост пристапува кон секој човек, му дава сила и можност за очистување. А средството за ослободување на човечкиот разум и срце од гревовите е покајанието.

Ние треба да го започнеме овој покаен период со многу просто и едноставно, но, истовремено, и многу тешко дело. Нам ни е неопходно да најдеме сили во нас и да ја надминеме нашата гордост, па независно од тоа колку ќе ни биде тешко, да се покаеме пред нашиот ближен и пред Бога. Ние сме должни да принесеме искрено, а не лажно покајание, и пред тие на кои сме им згрешиле, но и на тие што ни згрешиле. И да им речеме: простете. Тоа е многу важен збор: прости. Но, да не се изговори механички или само да биде сведен на обичај или традиција. Да го кажеме со потполно сознание дека без помирување со ближниот не можеме да добиеме внатрешно очистување и нема да се ослободиме од гревот, а преку тоа си го затвораме својот пат кон Царството Божјо.

Наоѓајќи се на самиот почеток на Великиот пост, кој не е лесен период, но е многу важен за духовниот живот на секој човек, а на тоа нè повикува и светата Црква, да најдеме сили во себе и да го направиме првиот чекор кон нашиот ближен и да му речеме: прости. Пред сè, да бараме проштевање кај оние со кои секојдневно се сретнуваме, но и со тие со кои сме во конфликт. Сето тоа не е едноставно, но е неопходно.

Да побараме проштевање и од блиски и од далечни, затоа што проштевањето е прва скала или чекор кон патот на покајанието, односно кон Бога. Да се помолиме Господ Бог и Пресветата Богородица да ни помогнат да најдеме внатрешни духовни сили, да ја победиме својата горделивост и да го надминеме лажниот срам. Да го направиме тој чекор на патот кон Царството Божјо, а Бог да биде со нас, сега, секогаш и во вечни векови. Амин!  

    
Прочка, 02.03.2014 година
храм „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид

PROCKA2014

PROCKA2014 2

PROCKA2014 4

PROCKA2014 6

PROCKA2014 8

PROCKA2014 10

PROCKA2014 12

PROCKA2014 14

PROCKA2014 16

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1