„Носителу на свет венец, кој си ангелите сега стоиш пред Христовиот престол и оттаму се исполнуваш со светлина, страстоносецу, кој непрестајно посредуваш за мир во светот и за спасение на нас, кои благочестиво го славиме твојот светлоносен спомен, Теодоре себогати, преукрасен маченику“ (егзапостилар на свети Теодор Тирон).

Во првата сабота од Великиот пост, го празнуваме преславното чудо со коливото на светиот великомаченик Теодор Тирон, кој спречи христијаните да се осквернат со јадењето на храната испрскана со жртвена идолска крв. Во негова чест и спомен, на 08.03.2014 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Владо Недески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, кој со пост и молитва се подготвувал да го прими Христа на крајот од оваа прва недела од Великиот пост. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј ги поучи верните со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

url clone | Nike Shoes

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св.Дух!
Драги браќа и сестри!
           
Се наоѓаме во Првата недела од Велигденскиот пост, на денот кога го славиме споменот на светиот Теодор Тирон. Господ ни даде уште една можност со искрени молитви секојдневно да се молиме во овој свет храм и достојно да го поминеме посниот период, па да го примиме радосното искуство на христијанскиот живот. Оние коишто ги посетуваа богослуженијата наутро и навечер во текот на оваа недела, имаа посебна можност за духовно надградување, а особено да се сконцентрираат и да направат самоанализа на својот живот.

За сето време на богослужбите ги слушавме молитвите и псалмите, во кои секогаш центар на нивното кажување беше повикот на покајание, како и безброј примери на личности, кои се каат. Тие постојано ни даваа поттик за изменување на нашиот ум и на нашето срце, а за тоа во многу нешта ни помага и умереното посно јадење и искрената молитва. Постот и молитвата се фактори кои го зацврстуваат религиозниот лик на човекот, во чија природа лежи идејата за духовно усовршување. Таа идеја ја потврдува смислата на човековото битие. Нема општо прифатливи принципи и методи кои ќе важат за сите подеднакво, а за прогрес на човечкиот род на овој духовен план. И кога се појавувале такви сили на земјата, тие секогаш биле залажувања и утопии. Неспорно дека може да се појават и дека се јавуваат разни постигнувања во техниката, науката, медицината и слично, кои придонесуваат за изменување на светот. Но, не може да се појави нешто што ќе направи општ морален прогрес и такво нешто не постои. Прогрес може да се забележи само на личен план, а индивидуалното усовршување зависи од секого од нас поединечно.

Не е можно да се докаже дека секое подоцнежно поколение е подобро од претходното. Напротив, многумина сметаат обратно: дека подоцнежните генерации не се подобри, туку полоши. Додека, пак, на личен план, постојат духовни прогреси, а тоа се потврдува со многу примери. Сметаме дека голем број од луѓето што доаѓаа оваа недела на богослужбите и кои со покајание и прозба кон Бога бараа да им ги прости нивните прегрешенија, можат да ја почувствуваат таа промена во нивната душа. Ако, пак, меѓу нас нема такви, ние од историјата на Црквата знаеме дека тоа го доживувале многубројни подвижници, испосници и свети души.
           
Уште едно треба да знаеме, а тоа е дека никој човек сам и со своите сопствени сили не може да го постигне тоа самосознание и духовно растење. Доколку тоа се случува со нас, тоа е плод на Божјата благодат, која ни ја дава светата Црква. Но, за да ја добиеме таа благодат, потребно е со нашиот живот и нашите постапки да се трудиме да ја привлечеме Божјата сила, односно Божјата благодат. Човекот ја стекнува Божјата благодат не со својата духовна сила, односно со своите духовни подвизи и морално усовршување, туку со учеството во светите Тајни. Кога ние се причестуваме со Телото и Крвта Христови, ние реално учествуваме во животот и благодатта Божји, а не симболично. Таа ги дополнува нашите недостатоци и ни дарува духовна сила и живот во Христа. Тоа е соединување на човековите усилби и Божјата благодат, која го трасира нашиот духовен пат кон совршенството.
           
Полнотата, пак, на таа благодат му се дава на човекот само тогаш, кога тој ќе се издигне на одредена духовна висина. Неа нема да ја најдеме во ниските духовни предели, каде владеат гревот и нечистотијата. Тоа е нешто слично како кога ние сакаме да дишеме чист воздух. Него ќе го најдеме и ќе го почувствуваме само ако се искачиме на повисок врв и таму ќе ја почувствуваме неговата свежина и чистата воздушна атмосфера. Таквиот свеж воздух на Божествената благодат, нашата душа го чувствува само кога ќе се издигне над нечистотијата на гревот и пороците, слично како  и во секојдневниот живот.
           
Да се потрудиме во деновите од Великиот пост да го минуваме нашиот живот непорочно и безгрешно. Само ако ги отфрлиме гревот и страстите, тогаш ќе можеме да се надеваме да добиеме обилна Божја благодат, која со нашите усилби ќе биде за духовно надградување на нашиот живот. Господ Бог да ни помогне да го завршиме Велигденскиот пост достојно и христијански, а за спасение на нашите души и тела, сега и во сета вечност. Амин!

Тодорова сабота
08.03.2014 година
Храм „Пресвета Богородица – Каменско“ Охрид

todsab2014 1

todsab2014 3

todsab2014 5

todsab2014 7

todsab2014 9

todsab2014 11

todsab2014 13

todsab2014 15

todsab2014 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1