„Денес и благовестува Гавриил на Благодатната: Радувај се, Мајко незаневестена и неискусобрачна! Не чуди му се на мојот необичен изглед, и не плаши се, оти јас сум архангел. Во она време змијата ја прелажа Ева, а јас сега ти благовестам радост, Пречиста: Ќе останеш нетлена, и ќе Го родиш Господа“ (стихира по Евангелие на Благовештение).

На овој светол ден се открива тајната од вековите, а Синот Божји станува Син Човечки, за да го спаси човечкиот род од древната клетва. Сиот свет и ние денес се радуваме, зашто денеска е почетокот на нашето спасение. Овој голем ден го прославивме со свечена архиерејска Литургија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиоски, Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон нив со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Asics shoes | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Во тропарот на денешниот празник, светата православна Црква го нарекува овој ден: почеток на нашето спасение. Од светото Евангелие, знаеме дека на денешниот празник светиот архангел Гаврил и се јавил на Пресветата Дева Марија и и ја соопштил радосната вест со зборовите: „Радувај се, благодатна! Господ е со тебе; благословена си ти меѓу жените... Ти си нашла милост пред Бога, ќе зачнеш во утробата и ќе родиш Син и ќе Го наречеш со името Исус... Светиот Дух ќе слезе на тебе и силата на Севишниот ќе те осени, па затоа и роденото ќе биде свето и ќе се нарече Син Божји“ (Лк. 1,28-35).

Света Дева Марија на оваа вест одговорила покорно со зборовите: „Еве ја слугинката Господова; нека ми биде според зборовите твои“ (Лк. 1,38). Нејзиниот одговор е во името на целокупниот човечки род, но, исто така, и заради него. Таа смирено, покорно и послушно се предала себеси во рацете Божји, заради нашето спасение. Света Дева Марија, како ќерка - рожба на земјава, човек, постанала Мајка на Бога. Синот Божји, Кој е Еден од Постојните и Којшто е во Светата Троица, постанал Син Човечки во сè еднаков на нас луѓето, освен во гревот. Сето тоа го направила предвечната љубов Божја, која го обожува  и го спасува светот.

Ако сакаме да правиме споредба меѓу двата света, и тоа светот пред да дојде Христос и по Неговото доаѓање, или светот пред Христа и по Христа, можеме да зборуваме за многу нешта и од разни аспекти. За тоа што ни има донесено Христовото доаѓање во светот, како наш Спасител и Искупител, можеме многу да зборуваме. Благодатните дарови, добиени со благовештението и боговоплотувањето во светот, го красат светот по Христа, а тоа се чувствува во Христовата Црква и кај христијаните. Светата Црква располага со многу благодатни средства, кои придонесуваат за вечната правда, за опростување и љубов - љубов која ги опфаќа и блиските и далечните, и добрите и лошите, и пријателите и непријателите.

Денешниот празник е исполнет со особена радост. Кон таа радост нè повикува светата Црква: „Благословете го од ден на ден спасението од нашиот Бог. Запеј Му на Господа цела земја“ (прокимен на Благовештение). Преку Пречистата Дева Марија, Бог му дарувал на светот радост, која никогаш не пресушува, која ни одговара на сите прашања, на умот и срцата, и која ги води верниците по патот на осветувањето и во вечниот живот. Тоа е причината што ние денеска се собравме во овој свет храм, посветен на Премудроста Божја („Св. Софија“). Причината е и Пресветата Дева Марија, која како богоизбрана девојка Му даде тело на Синот Божји, а преку тоа и нас луѓето нè направи деца Божји.

Синот Божји доаѓа на распнување и смрт и доброволно погребение, за да им даде на луѓето избавување и вечна радост. Архангелот Гаврил и благовестува на Мајката Божја: „Радувај се!“. Преку неа тоа радувај се, се однесува и на секој еден од нас, кој е верник и е крстен во Исуса Христа и кој пребива во Неговата Божествена љубов.

Прославувајќи го денеска Благовештението на Пресвета Дева Марија, да Му заблагодариме на Господа за Неговата неискажана љубов кон нас и да ја прославиме Божјата Мајка, која послужила за оваа голема тајна за нашето спасение. Да воскликнеме заедно со Архангелот Гаврил: Радувај се благодатна, Господ е со тебе. Амин!

07.04.2014 година
Благовештение
храм „Св. Софија“ Охрид

BLAGOVES2014 1

BLAGOVES2014 3

BLAGOVES2014 5

BLAGOVES2014 7

BLAGOVES2014 9

BLAGOVES2014 11

BLAGOVES2014 13

BLAGOVES2014 15

BLAGOVES2014 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1