„Да се доближиме сите со страв до тајната трпеза и со чисти души да го примиме лебот, останувајќи со Господа. Да видиме како им ги мие нозете на учениците, а и ние да направиме како што гледаме, покорувајќи се еден на друг, и еден на друг нозете миејќи ги, зашто Христос така им заповеда на Своите ученици, но Јуда – слугата и измамник, не слушна“ (икос на Утрена на Велики Четврток).

Во светиот и Велик Четврток празнуваме повеќе настани, и тоа: миењето на нозете, Тајната вечера, свештената молитва и предавството Јудино. Но, како најзначаен настан, кој го одбележува овој ден, е Тајната Вечера, односно востановувањето на светата Евхаристија, односно светата Причест. „Ова правете го во Мој спомен“  - им вели Христос на Своите ученици, а со тоа, ни остава заповед и ние истото да го чиниме. Светата Евхаристија го зазема централното место во Црквата и живото на нејзините членови. Според тоа, оној којшто учествува во неа, станува дел од Црквата, односно од Телото Христово.

Adidas shoes | Sneakers

На овој ден, на 17.04.2014 година, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г.  Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески и Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Сите верници, кои присуствуваа на Литургијата, подготвени со пост и молитва, пристапија кон светиот Путир, а парохискиот свештеник, Љупчо Симиџиески, според црковниот обичај, ги помаза со свет елеј. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се задржа на Јудиното предавство, како најсрамен чин во историјата на човештвото. Митрополитот ги поучи верните и им укажа и на значењето на светата Причест во Црквата, но притоа, опоменувајќи ги дека сите треба добро да се подготват пред да пристапат кон светата Чаша, потсетувајќи ги на примерот со Јуда.

VELCET2014UTRVELCET2014UTR 1VELCET2014UTR 3

VELCET2014UTR 5

VELCET2014UTR 7

VELCET2014UTR 9

VELCET2014UTR 11

VELCET2014UTR 13

VELCET2014UTR 15

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1