„Вчера се погребав со Тебе, Христе, денес воскреснувам со Тебе; вчера се распнував со Тебе, денес Самиот Ти прослави ме со Тебе во Царството Твое“ (песна од канонот на светата и велика Пасха).

Дојдете, браќа да вкусиме од новиот плод на лозјето – радоста божествена, зашто Христос воскресна од гробот по три дена. Ден е на воскресение - да се зарадуваме и развеселиме во него. Пасха чудесна – Христос го победи последниот непријател на човекот, смртта, и на сите ни дарува живот вечен. Затоа, да простиме сè со Воскресението и да запееме: Христос Воскресна од мртвите, со смртта смртта ја победи, и на оние во гробовите, живот им дарува.

Во овој Ден над деновите и Торжество над торжествата, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичесвки г. Тимотеј чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Митрополитот им го честита најголемиот христијански празник на мноштвото верни, кои се собраа на овој ден од сите краишта на нашата земја, а свештеникот Никола Христоски, им ја пренесе Велигденската честитка од Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан, заедно со членовите на Светиот архиерејски синод на Македонската православна црква  - Охридска архиепископија, во кое, меѓу другото, се вели:

Asics footwear | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Возљубени велигденци,

Да Му благодариме на Бога што и годинава нè удостои да го дочекаме и да го прославиме Неговото воскресение. Благодарноста ќе ја покажеме со тоа што сите заедно ќе се трудиме да живееме богоугодно, како што им доликува на вистинските христијани. А тоа најдобро го изразуваме кога собрани на Божествената литургија, еден до друг,
со едно срце и со една уста Го славиме Господа. Исполнети со велигденска радост, на овој Ден над деновите, ве поздравуваме сите, возљубени чеда на мајката Македонска црква, и во Татковината и насекаде по светот, посакувајќи секој дом и секое срце и душа да се исполнат со торжеството на ангелите, жените мироносици, апостолите и на сите богољубиви луѓе кои се радуваа на Христовото воскресение, и досега, и сега и во сите времиња! Амин!

ХРИСТОС ВОСКРЕСЕ!

velig2014 1

velig2014 3

velig2014 5

velig2014 7

velig2014 9

velig2014 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1