„О преславно чудо! Јован легна на градите од Словото, а Тома се удостои да го допре Неговото ребро! Првиот проникна во длабоката тајна на богословието, а вториот се удостои да нè упати во Неговиот план на спасението, бидејќи тој ни ги покажа јасно доказите за Неговото Воскресение, викајќи: Господ мој и Бог мој, слава Ти!“ (стиховна стихира на Томина недела).

На 27.04.2014 година, во Неделата на Антипасха или Томина недела, во храмот „Св. Никола Чудотворец Мирликиски“ во Долна Маала во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, свештениците Никола Христоски, Сашо Ристески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Nike Sneakers | 【国内4月発売予定】プレイステーション5 × ナイキ PG5 PS EP 全2色 - スニーカーウォーズ

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух!
Драги браќа и сестри!

Оваа недела светата Православна црква ја нарекува Томина недела. Името доаѓа од светото евангелие според Јован кое се чита на светата литургија, а кое го објаснува јавувањето на нашиот воскреснат Спасител, Господ Исус Христос, на апостолите. Во тој момент светиот апостол Тома не бил со нив. Кога апостолите му кажале дека го виделе воскреснатиот Господ, тој одбил да поверува изговарајќи ги прочуените зборови: „Додека не ги видам раните од клинците на рацете Негови, и не го ставам прстот свој во раните од клинците, и не ја ставам раката своја во ребрата Негови, нема да поверувам“ (Јован 20, 25). Токму заради овие зборови, честопати неправедно ќе се слушнат осудувања од верниците упатени кон овој апостол, нарекувајќи го со епитет неверен Тома.
           
Како вистински христијани, кои сакаме да ја знаеме нашата вера и никого да не го осудуваме лесноумно, а најмалку пак Христовите апостоли, треба да ни биде јасно дека самиот поим воскресение и оживување на умрен е непознат во тогашниот свет. И реакцијата на св. ап. Тома не се разликува по ништо од останатите апостоли и Христови следбеници. Откако жените мироносици, кои најпрво ќе отидат до празниот гроб, а потоа, ќе им кажат на апостолите дека воскреснал Христос, со недоверие ја примаат оваа вест и не поверувале. Токму затоа Господ Исус Христос влегува преку заклучена врата кај апостолите велејќи им мир вам и ги укорува бидејќи не поверувале и се покажале маловерни. Господ Исус Христос кога одел на патот за Емаус исто така им се јавил на Лука и на Клеопа и зборувал со нив, но тие не поверувале. Подоцна Господ Исус Христос седнал на трпеза со Своите апостоли и јадел само да ги разубеди дека не е дух. Сето тоа зборува колку им било тешко на апостолите и на Христовите следбеници да поверуваат во воскресението на Господ Исус Христос.
           
Кога станува збор за апостолот Тома, треба да знаеме дека овој ревносен Христов ученик не е неверен туку напротив, длабоко верен и почитувач на својот сакан Учител. Само да се потсетиме, кога Господ Исус Христос ќе сака да оди во Витанија кај Својот пријател Лазар Четвородневниот, апостолите Го разубедувале да не оди плашејќи се за Неговиот живот, бидејќи слушале дека Јудеите чекале погоден момент да Го убијат. Но Христос не ја прифатил нивната сугестија и постапил како што одлучил Самиот (Јован 11, 16). Тогаш ап. Тома ќе изјави гласно дека и тој ќе оди да пострада, ако треба, со Христа. Овој апостол ќе биде многу активен во проповедањето на евангелието после Тајната вечера (Јован 14, 5). После Христовото воскресение, тој ќе ги изговори овие зборови од претпазливост, но кога ќе провери дека е Он Христос, ќе исповеда велегласно: „Господ мој и Бог мој“ (Јован 20, 28).
           
Не биди неверен туку верен, му вели Христос. Ова се главните зборови на денешното евангелско четиво. Од денешното евангелие ние сознаваме дека нашата вера не е статичка состојба на човекот, таа може да се менува, да расте и да се намалува, да исчезнува и повторно да се јавува (2. Сол. 1, 3). Зборот вера може да се пројавува молскавично или пак преку целокупниот светоглед на човекот. Неретко верата се зародува како вистински одговор на Божјиот повик, како обраќање на човечкото срце. Најпрво, да се поверува значи силно да се последува сеуште нејасна и неисповедана до крај верата во Севишниот, во Оној којшто нè повикува. Да се поверува во Бога, тоа значи да Му го довериме својот живот во целост, и покрај тоа што Он не е целосно спознатлив. Да се верува во Бога постојано, тоа значи да се признае за Творец на небото и земјата, Оној од кого зависи животот на луѓето и на целокупниот свет којшто го опкружува. При тоа верниците не треба само да признаваат постоење на некоја виша реалност односно сила, туку и живеат и се покоруваат на Господа, предавајќи Му се со сето свое срце и со сета своја душа (2. Мој. 6, 5).
           
Св. Јован Богослов верата ја нарекува не само проста надеж на идното избавување од болки и вселување во населбите на праведниците. Според овој апостол, верниот човек го наоѓа спасението тука и денес затоа што тој го прима Исуса како Спасител (Јован 1, 12). Целокупното евангелие е напишано за да нè увери дека Исус Христос е Син Божји и оној што ќе поверува ќе има живот во Него (Јован 20, 31).
           
Кога еднаш ќе поверуваме, должни сме да не се враќаме назад, но да извикаме како Христовите апостоли, кои заедно со повремените колебања Го молеле Господа: „умножи ја во нас верата“ (Лука 17, 5); и како таткото на момчето со нем дух со солзи да го молиме Господа: „верувам, Господи, помогни му на моето неверие“ (Марко 9, 24).
           
Како можеме ние современите луѓе да поверуваме во Христовото воскресение? Христос не ни се јавува во телесен облик како што им се јавил на апостолите и на нивните наследници, не прави чудо. Како можеме ние да ја умножуваме нашата вера и да не биде колеблива? На овие прашања св. ап. Павле  предлага средства за непоколебливост во верата, а тоа се: трпение, и постојаност во верата (Евр. 10, 35 - 39) како и стремеж кон единство во верата и познавање на Синот Божји. А сето ова ние христијаните го доживуваме и ни се покажува на секоја св. литургија кога го исповедаме символот на верата и кога ги примаме телото и крвта Христови.
           
Ако пристапуваме со искрена вера кон Христа Господа и ние ќе ги примиме Христовите зборови како и ап. Тома, ние не го гледаме Бога, но сите знаеме за Него бидејќи сме чеда на Неговата Црква. Па како такви, да можеме и ние заедно со св. ап. Тома да Го исповедаме Воскреснатиот Христос со зборовите Господ мој и Бог мој.
Христос воскресе!

            Томина недела
            храм „Св. Никола“ - Д. Маала, Охрид
            27. 04. 2014

TOMNED2014NAS 1

TOMNED2014NAS 3

TOMNED2014NAS 5

TOMNED2014NAS 7

TOMNED2014NAS 9

TOMNED2014NAS 11

TOMNED2014NAS 13

TOMNED2014NAS 15

TOMNED2014NAS 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5