Бог ни е нам прибежиште и сила. Докажан помошник во неволја. Затоа нема да се уплашиме, па макар и земјата да се разниша - ете така пее Црквата, така пееле неизбројните маченици Христови, кои со радост ја прифаќале маченичката смрт, знаејќи дека кој го носи својот крст, тој ќе учествува и во Воскресението Христово. Затоа и нашиот верен народ толку многу ги почитува светите маченици, а меѓу нив особено светиот великомаченик Георгиј. Откако го прославивме неговиот свет спомен, празненството, традиционално, продолжи во Струга, каде свети Георгиј се прославува и денот по Ѓурѓовден.

Sports Shoes | Men’s shoes

Празнувањето започна во утринските часови, на 07.05.2014 година, во храмот „Св. вмч. Георгиј“, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Повардарски г. Агатангел, архимандрит Нектариј, протоереј Темелко Донески, свештениците Никола Христоски, Петре Бојчиноски и Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодно слово, истакнувајќи дека ние како христијани мора да го заслужиме ова име, а во тоа ќе ни помогне примерот на мачениците, а особено на светиот великомаченик Георгиј.   

Торжествата продолжија во попладневните часови, кога најпрво беа пречекани моштите на светиот великомаченик Георгиј, а потоа беше отслужена и свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Агатангел и многубројното монаштво и свештенство од нашата епархија. По завршувањето на Вечерната, беше осветено Петолебието и беше извршен парастос за сите упокоени ктитори, свештенослужители и за сите оние кои дале свој придонес во градењето на историјата на храмот „Св. вмч. Георгиј“. Откако Митрополитот Агатангел го изговори пригодното слово, сиот народ, кој оваа година се собра во навистина голем број, предводен од свештенството, а наоружан со чудотворната икона на светиот Георгиј и со неговите исцелителни мошти, излезе на свечена литија (еордија) низ улиците на градот Струга, радосно пеејќи и објавувајќи го Христовото Воскресение.  

eordija2014 1

eordija2014 3

eordija2014 5

eordija2014 7

eordija2014 9

eordija2014 11

eordija2014 13

eordija2014 15

eordija2014 17

eordija2014 19

eordija2014 21

eordija2014 23

eordija2014 25

eordija2014 27

eordija2014 29

eordija2014 31

eordija2014 33

eordija2014 35

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5