„Кога изворот на Духот дојде на земјата, разделувајќи се духовно во вид на огнени реки, ги пороси апостолите просветлувајќи ги, и беше како облак кој освежува. Преку Него ние ја примивме благодатта, преку огнот и водата. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли“ (седален на Утрена во Понеделник на Светиот Дух)“.

На 09.06.2014 година, во Понеделникот на Светиот Дух, според локалната традиција во нашиот град, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Кирил Јованоски, Љупчо Симиџиески, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Васил Ристовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Агатангел се обрати кон верниот народ со пригодно слово, а Митрополитот Јосиф ги причести верниците, кои се подготвувале да пристапат кон светиот Путир.

Best Nike Sneakers | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite

Овој светол празник беше искористен и за осветување на новата манастирска порта во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид. Осветувањето го изврши Митрополитот Тимотеј, во сослужение на Митрополитите Агатангел и Јосиф, како и на повеќе свештенослужители. Покрај многубројниот верен народ, на осветувањето, заедно со повеќе претставници на Општина Охрид,  присуствуваше и градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески. Откако заврши осветувањето, свештенството и верниот народ, носејќи ја светата икона на преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец, со свечена литија се упатија во манастирот, каде се помолија и се поклонија на гробот на светителот. 

VTORDUH2014 1

VTORDUH2014 3

VTORDUH2014 5

VTORDUH2014 7

VTORDUH2014 9

VTORDUH2014 11

VTORDUH2014 13

VTORDUH2014 15

VTORDUH2014 17

VTORDUH2014 19

VTORDUH2014 21

VTORDUH2014 23

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1