„Откако станавте синови Божји преку заедничарење, Козмо и Дамјане, сега со вера го најдовте наследството на Отецот, небесната наслада, и вистинското светло дејство на чудесата, и викате: Сите дела Господови, благословете Го Господа!“ (песна од канонот на Утрена на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан).

На 14.07.2014 година, денот кога ги прославуваме светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во храмот посветен на овие двајца телесни и духовни лекари во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Станко Јовановски, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Горан Ставрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше из вршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое искажа пофалба за двајцата бесребреници Козмо и Дамјан, но и ги повика верниците и тие да го следат нивниот пример и да одат по патот кон спасението, сега и во сите векови. Амин!

Sports brands | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG

svkozidamlet2014 1

svkozidamlet2014 3

svkozidamlet2014 5

svkozidamlet2014 7

svkozidamlet2014 9

svkozidamlet2014 11

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1