„О, чудеса надумни на Приснодева и Божјата Мајка! Од гробот во којшто се всели, рај направи! Стоејќи денес пред него, радувајќи се, пееме: Дела (Господови), пејте Му на Господа, и превозносете Го во сите векови“ (песна од канонот на Утрена на Успение на Пресвета Богородица).

На 28.08.2014 година, денот кога го празнуваме Успението на Пресветата Мајка Божја, која во живот се пресели, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Ромео Петрески, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

affiliate link trace | Nike Air VaporMax for Men & Women - Buy Online - Ietp

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри!

Светата православна Црква денеска прославува еден од Богородичните празници. Поточно, се прославува нејзиното Успение, односно нејзиното преселување од видливиот и трулежниот во невидливиот, духовниот и вечниот свет.  Колку што се испеани пофални песни за светата Мајка Божја, не се испеани за ниту еден друг Божји угодник. Во денешните, пак, песни, не се радуваат само поетите, односно авторите на богослужбените стихови, туку се радуваме сите што ги слушаме и што се восхитуваме на нивната длабочина, убавина и поучителна содржина. Но, заедно со нас се радува и небесната победничка Црква. Само да се потсетиме на зборовите од една стихира на вечерната богослужба во која се вели: О прекрасно чудо! Изворот на животот во гроб се полага, и скалата кон небесата гроб станува. Сите ние знаеме дека секоја смрт претставува болка, предизвикува тага, жал и плачење. Но, ние денеска, како и апостолите кога ја испраќале во вечноста светата Дева Марија, не тагуваме, туку се радуваме.

Од Светото предание на Црквата, знаеме дека Успението на света Дева Марија не била обична смрт како кај останатите луѓе. Нејзиното тело, кое лежело на одарот, немало знаци на умрен човек, туку светело и блескало со необична светлина. Апостолите и останатите нејзини почитувачи, кои биле покрај нејзиниот одар, исто така, не презентираат страв или, пак, болка, како кон умрен човек, туку напротив, доаѓаат да испратат личност од овој свет во непреодниот. Црквата неслучајно го нарекува Успение, а не упокојување или смрт на Богородица, бидејќи таа преминува од овој свет во другиот само со заспивање.

Целиот празник е исполнет со чуда. На чудесен начин Архангелот Гаврил, истиот оној што и благовестил дека ќе роди Син, Кој ќе биде Спасител на светот, доаѓа неколку дена пред нејзината смрт. Овој пат да и каже, исто така, радосна вест, дека по три дена ќе се упокои и ќе биде однесена во рајот од ангелите Божји и од нејзиниот возљубен Син, Господ Исус Христос. Светите апостоли, кои го проповедале словото Божјо по Педесетница, на чудесен начин ќе бидат собрани. Тие се донесени со силата Божја на облаци, за последен пат да се простат со Мајката Божја и да ја испратат во вечноста. И за време на нејзината поворка, носењето од домот, каде што се упокојува, до местото на нејзиниот гроб во Гетсиманија, се случува чудо. Еден Евреин, кој бил голем непријател на христијаните, сакал да го турне телото од одарот. Но, силата Божја му ги пресекува рацете и не дозволува нејзиното свето тело да биде посрамено. Па откако истиот се покајал и побарал прошка, благодатта Божја го исцелува и тој постанува христијанин и почитувач на Господа Исуса Христа. За спомен на ова чудо, во најголем број икони и фрески, како кај нас, така и во целиот свет, најчесто Успението на Пресвета Богородица се слика со две отсечени раце, потсетувајќи нè на ова невообичаено чудо.

Неколку дена по погребението на Пресветата Дева Марија, се покажува уште едно чудо. Како што рековме, сите апостоли стасале за нејзиното Успение, додека, пак, св. ап. Тома задоцнил и тој изразил желба да се прости со последен целив со св. Дева Марија. За таа цел бил отворен нејзиниот гроб, кој бил покриен со камен. Тогаш, се констатирало уште едно чудо. Не само душата на св. Дева Марија е однесена на небото, туку и нејзиното пречисто тело, како онаа, којашто Го родила Спасителот на светот.

На оние луѓе, кои можеби искажуваат некое сомневање, кое е поврзано со Успението на Пресвета Богородица, св. ап. Павле во посланието до Коринтјаните многу јасно и прецизно им одговара: „Безумниче, тоа што го сееш ти, нема да оживее, ако не умре. А кога сееш, не го сееш телото, кое ќе стане, туку голо зрно, било пченично или друго некое; Но Бог му дава тело, како што сака, и на секое семе негово сопствено тело” (1. Кор. 15, 36-38). Преку овие зборови, ап. Павле недвосмислено нè учи дека преку смртта доаѓа животот. За тоа ни сведочат безбројните зрнести растенија, кои најпрво ќе изгнијат, па потоа ќе изртат и ќе дадат род. За тоа ни зборува истиот апостол за Христовото Воскресение: „Ако пак Христос не воскреснал празна е нашата вера (1. Кор. 15, 17). Таму каде што нема вера во Христа, и таму каде што нема вера во Пресвета Богородица, кај таквите нема ни вера во воскресение на умрените.

Поминати се повеќе од дваесет века од нејзиното Успение. Но, овој спомен светата Црква го прославува од едниот, па сè до другиот крај на вселената. А нејзиниот, пак, лик, ги просветува и осветува сите христијани кои со искрена вера и се обраќаат за помош.

Христијанската заедница се обраќа со молитва кон многу Божји угодници, кон многу светители, кон многу маченици, преподобни, но неспоредливо најмногу и се обраќаат за помош на св. Дева Марија. Нејзината, пак, молитва пред нејзиниот Син и наш Спасител Господ Исус Христос има посебна сила. Таа и со последните свои зборови им ветува на апостолите, а преку ним и нам, дека нема да нè остави сираци. Таа ќе биде наша молитвеничка и помагателка во сите наши денови на опасности, маки, таги и жалости. Ова ветување Богородица го потврдува во овие дваесет векови преку безбројните нејзини јавувања на свети и праведни луѓе. Исто така, одговара на безброј христијани кои $ се обраќаат со искрена молитва. И ние денеска, прославувајќи го нејзиното Успение, да $ се обратиме со молитва која вели: О многувоспевана Мајко, прими ги овие наши молби, избави нè од секаква напаст и ослободи нè од идните маки. Амин!

Успение на Пресвета Богородица
28. 08. 2014 год.
храм „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“, Охрид

uspen2014 1

uspen2014 3

uspen2014 5

uspen2014 7

uspen2014 9

uspen2014 11

uspen2014 13

uspen2014 15

uspen2014 17

uspen2014 19

uspen2014 21

uspen2014 23

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1