„Како светилник, ти и претходеше на Светлината; како ангел, беше испратен однапред; како пророк, Го проповедаш Јагнето Божјо, Христа, Кој се јави; како маченик, со меч ти беше отсечена главата, предвестувајќи им Го и на мртвите во адот“ (песна од Канонот на Утрена на Отсекување на главата на св. Јован Крстител).

Светиот Јован Крстител, како ангел, кој го подготвувал патот на Спасителот, секогаш бил и останува пример за тоа како човек треба да се подвизува, но и како секогаш да истрае во вистинската вера и да не се плаши од ништо овоземно. Токму затоа и верните толку многу го почитуваат и го слават, а и тој постојано им враќа со својата заштита, поткрепа и застапништво пред Бога.

jordan release date | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Pochta News

Споменот на отсекувањето на чесната глава на славниот пророк, Претеча и Крстител Јован (11.09.2014) беше свечено одбележан во манастирот „Св. Јован Крстител – Бигорски“, каде празнувањето започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Европски г. Пимен, архимандритот Партениј, еромонасите Доситеј, Макариј и Еразмо, протоереите Дарко Наумовски и Ненад Ѓорѓевски, свештениците Никола Христоски и Васко Голабоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ероѓаконот Порфириј.

Оваа вечер беше особено радосна за браќата монаси од Бигорската обител, но и за сите нас и за сета православна Црква. Под духовното раководство на Митрополитот Тимотеј и архимандритот Партениј, како и непрестајното застапништво на Претечата, оваа наша света обител го збогати своето братство со уште нови тројца браќа монаси. Новите монаси  ги зедоа имињата: Козма, Михаил и Методиј, и се заветија пред Бога дека секогаш Нему ќе Му служат и непрестајно ќе војуваат против демонските сили. Од името на нашиот Митрополит и целата епархија, им го честитаме монашењето, и се молиме на Бога, Он да ги води по патот на спасението и да го износат својот тежок крст, та со чисти монашки ризи да застанат од десната страна на Бога. По завршувањето на Вечерната, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри.

Денеска сме собрани на молитва во овој свет манастир, посветен на св. Јован Крстител. Овој ангел на земјата, нè поучува сите нас. Тој нè учи со неговиот свет, испоснички и подвижнички живот. Го подготвува патот на Господа. Патот Господов е познат, тој е голем и светол. По него врвеле и врват, неизбројни поколенија од најразлични народи, повеќе од 2000 години. Но, и ќе врват сè додека постои и светот и векот. По него, во сите овие минати векови, оделе избрани луѓе и биле осветлувани со спасителната вистина. Посебни луѓе, пак, како свети се искачувале и до Божествените височини. Тоа се многуте светии, богоугодници, пред кои, пак, денес многу богобојазни срца и души, шепотат смирени молитви и прозби.

Патот Господов води и до нашите срца. Но, ние треба да го подготвиме и израмниме, за по него да помине нашиот Спасител Господ Исус Христос. Тој не е рамен. Гревот го обраснува со коров и со разни трња. Не е рамен поради нашата слабост и поради нашата духовна сиромаштија. Многу слабости стојат на нашиот пат, а тој пат е Господен, бидејќи по него Он треба да помине, за да може да се всели во нашите срца и души.

Гласот на оној кој вика во пустината е упатен и кон нас. Ние сме должни да го израмниме патот Господен. Тоа што го кажува св. Јован Крстител на своите современици,  го вели и на нам денеска: „Секирата веќе лежи при коренот на дрвото: Зашто секое дрво, што не дава добар плод, се сече и се фрла во оган. Лопатата е во рацете Негови и Он ќе го очисти гумното свое и ќе Си го прибере житото во амбар, а плевата ќе ја изгори со оган што не гасне“ (Мат. 3, 10-12). Да не се залажуваме, како духовно безгрижни, и да се тешиме со лажна утеха, Исус е наш Спасител! Бидејќи знаеме дека Бог и од камења може да издигне чеда на Исуса (Јован 13, 23) и синови на воскресението. Исто онака, како што можеше и од камења да подигне деца на Авраама. Навистина нашиот Спасител Господ Исус Христос дојден е во светот за да нè спаси. Но, ние не треба да Му се противиме. Треба да Му Го подготвиме патот преку вера и благочестив живот, за да дојде и да се всели во нас и да нè спаси.

Дали можеме да го израмниме нашиот пат, па тој да постане Христов пат? Ако сме свесни дека тоа не можеме да го постигнеме, само со нашите сопствени сили, тогаш потребно е да застанеме пред Витаварскиот проповедник Јован Крстител, и да ги слушнеме неговите зборови: „Еве Го Јагнето Божјо, Кое ги зеде гревовите на светот врз Себе“ (Јован 1, 29). И кога ќе ги слушнеме овие зборови, да појдеме по Него. Тој ќе ги земе нашите гревови, и ќе ни помогне да ги порамниме патиштата на сопствениот живот за да постанат Негови патишта. Нека Божјата милост и благодат, нè осенат сите, па да бидеме секогаш со отворени срца за гласот на оној што вика во пустината пригответе го патот Господен.

Почитувани браќа монаси што вечерва ги зедовте монашките завети во оваа света обител. Отец Козма, по својот покровител Козма Мајупски, отец Михаил и отец Методиј. Сето што претходно се кажа, се однесува на секоја христијанска душа. Но, посебно овие поуки се упатени кон вас, кои вечерва се одлучивте да го земете ангелскиот чин. Монаштвото било еден од најсилните столбови на светата православна вера и Црква. Таа мисија и таа задача ја има и современото монаштво. Во св. Евангелие се вели вие сте солта на земјата. За да се оствари тоа, потребни се подвизи, послушност, скромност и молитвеност. Подобар пример за сето ова, не можеме да посочиме, отколку светиот Јован Претеча и Крстител Господов. Затоа, потрудете се во вашиот монашки подвиг, израмнете го патот од сите препреки, за да може Господ Христос да се всели во вашите срца и души, па да можете достоинствено да го изодите патот во подвижништво и да послужите за просперитет и углед на оваа света обител, на нашата епархија и на целата Македонска Православна Светиклиментова Црква. Вашите монашки имиња, нека ви послужат за радост на ангелите и за пораз на демоните. Амин!

Вечерна богослужба на Отсекување на главата на св. Јован Крстител
10. 09. 2014 год.
манастир „Св. Јован Крстител“ – Бигорски

otsvec2014 1

otsvec2014 3

otsvec2014 5

otsvec2014 7

otsvec2014 9

otsvec2014 11

otsvec2014 13

otsvec2014 15

otsvec2014 17

otsvec2014 19

otsvec2014 21

otsvec2014 23

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5