На 14.09.2014 година, во Четиринаесеттата недела по Педесетница и на празникот на Преподобниот Симеон Столпник и на преподобниот Исус Навин, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Темелко Донески, свештеникот Васко Голабоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши осветување на новоизградениот храм, посветен на светиот пророк Илија, во село Глобочица, Струшко. Храмот започна да се гради на 18.09.2011 година, а се изгради со донациите од локалното население и од сите добронамерни верници од пошироката околина. Оваа година, селото прослави и педесет години од неговото потопување и потопувањето на стариот храм. Откако храмот беше осветен, се отслужи и света архиерејска Литургија, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.
Running sports | Air Jordan 1 Retro High OG 'University Blue' — Ietp
Митрополит Тимотеј
Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри.
Нашиот Спасител Господ Исус Христос, откако ќе излезе на јавна проповед, честопати, на народот и на Своите апостоли, им зборувал во параболи. Една од тие параболи слушнавме и денеска на светата Литургија. Тоа е параболата за царството небесно, кое прилега на човек цар кој му направил свадба на својот сакан син. Ги испратил своите слуги да ги поканат гостите на свадба, но, тие не дошле. Потоа испратил и втори слуги, со јасна порака дека телците се заклани и гозбата е готова, дојдете на веселба. Но, и тие не сакале да слушнат за тоа, туку, нашле најразлични изговори. Некој купил нива, па ќе оди да ја види, некој ќе оди на пазар, а некои дури ги истепале слугите. Тогаш, ги испратил слугите и им рекол: одете на раскрсниците и колку луѓе ќе најдете, поканете ги да дојдат на свадба. Така се собрал народ од патиштата, и се исполнила свадбената одаја. Кога дошол домаќинот да ги поздрави гостите, забележал еден човек кој не бил облечен во свадбена облека. Домаќинот го прашал: пријателе, како влезе овде необлечен во свадбена облека? А тој молчел. Тогаш царот наредил да го врзат и да го фрлат во крајна темнина (Мат. 22, 1-12).
Оваа парабола има длабока смисла и поука за нас христијаните. Таа зборува за царството небесно. Господ, како избран народ, најпрво го повикува Еврејскиот. Господ Исус Христос доаѓа да ги спаси сите луѓе од грев, но најпрво се обраќа кон избраниот народ. Ние знаеме, од зборовите на Господа Исуса Христа, како $ одговара на жената Хананејка која го моли да ја излекува нејзината болна ќерка. Христос ќе $ каже: „Остави најнапред да се наситат децата: зашто не е добро да се земе лебот од челадта и да се фрли на кучињата“ (Мар. 7, 27). Нашиот Спасител, Господ Исус Христос, доаѓа да ги повика луѓето во царството Божјо. Тој повик или таа покана, најпрво била упатена кон еврејскиот народ. Но, нивните старешини, книжници и фарисеи, не ја прифатиле таа покана, туку, напротив, го осудиле Христа на смрт. Бидејќи овие не ја прифатиле поканата да влезат во понуденото царство, тој испраќа покана кон незнабожечките народи, односно кон сите луѓе во светот, на сите четири страни, бидејќи гозбата е подготвена и трпезата е поставена. Од богатите благодетти на богатата трпеза некој треба да се ползува. Но на таа гозба, треба да се влезе со пристојна облека, или како што се изразува евангелистот, во свадбено одело. Тука, под пристојна облека, треба да ги разбереме чистотата на срцето и на душата, и возвишениот и богоугоден живот на поканетите. Но, како што слушнавме, меѓу гостите се нашол еден човек без свадбена облека. Тоа е човек, кој е исполнет со неморален и непристоен живот. Човек кој не е достоен да влезе во царството Божјо и да земе учество во богатата Божја трпеза, приготвена за достојните, облечени во чиста свадбена облека. Бидејќи во Св. Писмо се вели: „Зашто мнозина се повикани, а малцина се избрани“ (Мат. 22, 14).
Господ Исус Христос, заради нас луѓето, дојде во овој свет за да нè избави од гревот. Поканата за учество во таа богата трпеза е упатена кон сите луѓе, па и кон нас. Но, за да бидеме удостоени да седнеме и ние на неа има еден услов, а тоа е, да сме облечени во чиста неизвалкана облека. Тука, не треба да подразбираме во буквална смисла на зборот убава, скапа, елегантна и слична облека, туку, се мисли на духовен план. Тоа подразбира и се бара од нас, да се очистиме од сите нечистотии, гревови, страсти, нискости, пакости, завидливости и слично. Да ја очистиме нашата душа, нашето срце и мисла со покајание и исповедување. Да направиме една духовна анализа на нашиот духовен живот. Кога ќе согледаме и осознаеме, во духовното огледало, дека нашето срце не е доволно чисто, да се потрудиме, што е можно побргу, да ја измиеме нашата душа од сите наши душевни мани и недостатоци. Да се молиме на Милостивиот Бог да ни даде духовна сила, односно благодат на Светиот Дух, па, искрено да се покаеме со солзи на покајание, и да го очистиме нашето срце и нашата душа. Така, ќе можеме да имаме и чиста и светла свадбена облека, па, тогаш, ќе можеме и ние да земеме учество на царската свадба, во царството небесно.
Драги браќа и сестри, ние, денеска, се собравме во ова место, да го осветиме овој нов свет храм посветен на светиот пророк Илија. Пред цели 50 години ова село, во оваа питома Малесија, беше иселено во Струга, поради изградба на вештачкото езеро и хидроцентралата Глобочица. Во далечната 1964 год., и домот Божји беше потопен како и вашите домови, изградени од вашите претци. Но, љубовта кон родниот крај, кон светите православни традиции и прадедовската вера, ве инспирираа и ве поттикнаа после толку години, да го подигнете овој дом Божји посветен на св. Илија, како што била и црквата сред село. Нека овој свет храм, $ послужи на секоја христијанска душа што ќе влегува во него, да се мие духовно од сите престапи и нечистотии, па така очистени и духовно измиени да се удостојат да седнат на царската гозба.
На сите иницијатори, помагачи, градители и на сите добри луѓе коишто помогнаа да се изгради овој дом Божји, како надлежен владика на овие простори, им изразувам благодарност. Истовремено Го молам Семилостивиот Господ, стоструко нека им возврати за нивниот труд, за нивните средства и за нивната љубов кон верата православна. Господ нека ја наклони Неговата милост кон сите нас, и нека го испрати неговиот свет благослов, за да одиме по вистинскиот пат, да ја исповедаме но и да ја живееме верата православна, исполнета со добри дела кои ќе ни послужат за спасение на нашите души сега и во сета вечност. Амин.
14-та недела по Педесетница
14. 09. 2014 год.
храм „Св. пророк Илија“ с. Глобочица, Струшко