На 15.09.2014 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богдановски, протоереј Димче Ѓорѓиески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, го освети камен-темелникот за новиот конак во манастирот „Св. Стефан“ во Охрид. Со изградбата на овој конак, манастирот ќе ги зголеми своите капацитети за прием на верници, но и самиот ќе го збогати својот лик, како еден од најпосетуваните манастири во нашата епархија.
Best jordan Sneakers | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping