„Воскликни Давиде, што ти се заколна Бог? Она што ми се заколна, рече тој, веќе и го исполни: Оној што од плодот на мојата утроба ја даде Дева, од неа се роди Творецот Христос, новиот Адам – Царот на мојот престол. Он царува и денес, и има царство непрестајно; неплодна (жена) ја раѓа Богородица и, на нашиот живот – хранителката“ (прв седален на Утрена на Рождество на Пресвета Богородица).

Пресветлиот Бог, Кој управува со небото и земјата, и кој ги менува природните закони, денес ја отвори утробата на неплодната Ана и неплодната земја – богоплодна ја покажа. Денес се роди втората Ева, која древната клетва и осуда ќе ја избрише, и ја поправа грешката на прамајката, а со раѓањето на Синот Божји, станува мост кон Создателот и нè измирува со Бога. Затоа и сите ние непрестајно го бараме Богородичното застапништво и деноноќно го величаме името на Пречистата, а таа, пак, нè покрива со својот омофор и Го моли својот Син за нас.

Nike sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf

На 21.09.2014 година, денот кога го празнуваме светлиот празник на Рождеството на Пресвета Богородица, централната прослава во нашата епархија, се одржуваше во манастирот „Пресвета Богородица - Пречиста“ во Кичево. Празнувањето започна со свечена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј (Најдоски), протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски, Ристо Камбуроски, Горан Ставрески и Александар Матески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Вечерната богослужба, беше отслужен и Акатистот на Пресвета Богородица пред нејзината чудотворна пречистанска икона.

Торжеството по повод раѓањето на Пресветата Дева Марија продолжи утредента, на самиот празник, со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот Стевчо Тошевски, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Радоста на празникот уште повеќе се зголеми, зашто нивата Господова доби уште еден вреден работник. Имено, Митрополитот Тимотеј го ракоположи во ѓаконски чин теологот Љупчо Бакрачески од с. Радожда, Струга, на кого му го честитаме чинот, и се молиме да го зачува чист, та со бел образ да ја претставува нашата Црква и да го изоди патот на спасението. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон неизбројниот верен народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот, Синот и Св. Дух. Амин!
Драги браќа и сестри!

Нашите првородители Адам и Ева, биле создадени од Бога вечно да бидат во блаженство и во Божјата близина. Но, тие не ја испочитувале заповедта, којашто им била дадена во рајот, да не јадат од забранетиот плод. Биле непослушни кон Бога, и биле измамени од сатаната со зборовите, ако пробаат од тој плод ќе постанат богови. По нарушената заповед следела казна од Бога. Биле истерани од рајската градина. На рајските врати биле поставени ангели чувари, за да не можат нашите протерани првородители да се вратат во него. Преку нив, гревот влегува и кај сите луѓе. Но, исто така, и рајот е затворен за сите луѓе.

Уште на Адам и Ева, Бог како Милостив родител, им ветува спасение, кое ќе дојде преку Родениот од жена. Он, ќе ги измири луѓето со Бога и ќе ги отвори рајските порти. Луѓето ќе ги направи повторно наследници на сите духовни богатства во Божјиот свет, односно во рајот.

Кога се исполнило времето, Бог го исполнил ветеното. Бог ја отвори неплодната утроба на праведната Ана, мајката на света Дева Марија. Јоаким и Ана биле праведни луѓе и долго време, се вели 50 години живееле во брак, но биле без пород. Но, Бог, им ги услишил молитвите и ги удостоил со рожба, со ќерка Марија, која ќе биде мајка на Спасителот на светот. Се отвораат повторно небесата, односно рајските порти, за да можат да влезат сите кои ќе поверуваат во нејзиниот Син и наш Спасител. Он, ќе ја разруши древната клетва и ќе го ослободи човечкиот род од ропството на гревот, за сите да ги направи синови Божји.

Рајот е веќе отворен. Рајот ни се нуди на сите. Но, потребно е да се насочиме кон него. И покрај тоа што е отворен за сите, не сите се упатуваат кон него, кон отворените небеса, за да бидат учесници во духовните богатства, што Господ Исус Христос така богато ни ги нуди.

Се поставува прашањето, што е потребно да направиме? Пред сè, треба да имаме силна и непоколеблива вера, вера придружена со добри дела. Бидејќи се вели: „Вера без дела е мртва“(Јак. 2, 17). Потребна ни е вера исполнета со добродетелен живот. Тогаш, небесата ќе ни бидат отворени онолку колку што се широки, за да не се сопнеме и лесно да го најдеме рајот.

Но, треба да знаеме дека царството небесно започнува во нашите срца. Од тука започнува и нашето издигнување кон рајот, односно кон Божјиот свет.

Да си спомнеме за родителите на св. Дева Марија. Колку овие стари луѓе тагувале што немале пород. Но, надежта не ги напуштила и покрај тоа што веќе биле стари, во доба кога не е можно да се има пород. Нивната молитва била толку силна и чиста, и стасала до Бога. Он, ги обдарува со посебен дар – рожба која ќе биде дел од големото Божјо дело за спасението на луѓето. Се родила Божјата мајка, односно онаа која ги надминува и ангелите.

А сега, да погледнеме кон нашиот живот. Велиме дека копнееме за Божјите небеса и за духовните богатства. Но, гледаме, исто така, дека сме бесплодни духовно. Се поставува прашањето, што ни е потребно, та и нашата душа да биде духовно плодна? Кои се плодовите на Духот што треба да се родат во нашата душа?  Светиот ап. Павле вели: „А плодот на Духот е: љубовта, радоста, мирот, долготерпливоста, добротата, милосрдноста, верата, кротоста, воздржливоста... “ (Гал. 5, 22-23). И, уште, вели: „плодот на Духот  се состои во секое добро, правда и вистина“ (Ефес. 5, 9).

Ете што треба да достигнеме преку добрата вера и силната молитва. Божјата сила, односно благодат, да го разврзе нашето духовно неплодие, и духот да постане многуплоден и добродетелен, и да нè обдари со силна љубов кон Бога и кон луѓето. А оној, кој има таква љубов, цврсто утврдена во верата, ги има сите останати плодови на Духот: прави добро, бара правда, живее со вистина, создава мир, пројавува благост и милосрдие, опстојува во цврстината и воздржувањето и слично.

Со овие добродетели, ние ќе го надминеме духовното неплодие и ќе ги постигнеме духовни плодови. Тогаш, ќе ни бидат отворени небесата и рајот. Ќе ја разбереме и смислата на црковната песна кон св. Дева Марија, дека преку нејзиното раѓање изгреа радост на целата вселена, и бидејќи ќе изгрее радост и за нас самите. Од отвореното небо, ќе слезе радоста на нас, заедно со можноста да постанеме наследници на Божјиот рај, и тоа додека сè уште сме тука на земјава, како членови на Црквата Божја. Божјата Црква е рај, во којашто течат потоците на Духот и ги оплодуваат душите на луѓето, со плодовите на Духот. Оној кој живее во рајот, го слуша гласот Божји и го следи.

Да се обратиме со искрена молитва кон св. Богородица, чиешто раѓање денес го чествуваме. По нејзиното застапништво, да бидеме удостоени со преголемата милост Божја, и ние да постанеме наследници на Неговиот рај. Да постанеме учесници во него уште тука на земјава, насладувајќи се од сите духовни благодатни богатства, коишто ни се ветени од Небесниот Отец. Амин!

Рождество на Пресвета Богородица
21. 09. 2014 год.
Манастир „Св. Богородица Пречиста“ - Кичево

ROZBOG2014

ROZBOG2014 2

ROZBOG2014 4

ROZBOG2014 6

ROZBOG2014 8

ROZBOG2014 10

ROZBOG2014 12

ROZBOG2014 14

ROZBOG2014 16

ROZBOG2014 18

ROZBOG2014 20

ROZBOG2014 22

ROZBOG2014 24

ROZBOG2014 26

ROZBOG2014 28

ROZBOG2014 30

ROZBOG2014 32

ROZBOG2014 34

ROZBOG2014 36

ROZBOG2014 38

ROZBOG2014 40

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1