„Богато се излеа благодат во твојата уста, Блажени, и реки од догми излеа, кои ја напоија Црквата Христова, многуроден плод принесоа, Тимотее Христопроповеднику, богомудар апостоле“ (песна од Канонот на Утрена на свети апостол Тимотеј).

На 04.02.2015 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, а по повод празникот на светиот апостол Тимотеј и преподобниот маченик Анастасиј Персиец, како и по повод именденот на нашиот духовен возглавител и раководител, Митрополитот Тимотеј, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставорофор Марјан Радински, протоерејот Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески.

Best Nike Sneakers | Nike Air Force 1'07 Essential blanche et or femme - Chaussures Baskets femme - Gov

По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач и беше осветено коливото, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодно слово, во кое се осврна на Божјата благодат, како единствена сила која може да нè понесе на патот кон спасението. Но, Митрополитот Тимотеј нагласи и дека тоа не значи дека ние треба да го изоставиме нашиот труд на тој пат кон спасението. Односно,  ние треба да постиме, да се молиме, да се подвизуваме според нашите можности и да ги почитуваме и исполнуваме правилата на нашата света Црква. Зашто и ние мора да покажеме дека сме вистински христијани, кои со сета своја слободна волја го посакуваат спасението, односно вечната заедница со Бога. На крајот, Митрополитот Тимотеј се помоли и за застапништвото и молитвите од светиот апостол Тимотеј и од сите светии и ги благослови верните.   

svaptim2015

svaptim2015 2

svaptim2015 4

svaptim2015 6

svaptim2015 8

svaptim2015 10

svaptim2015 12

svaptim2015 14

svaptim2015 16

svaptim2015 18

svaptim2015 20

svaptim2015 22

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1