„Вооружен благочестиво со храброст маченичка, страдалнику Христов, со Неговата сила ти ја заштити духовната служба и покажа дека е немоќно идолското нечестие и заканата на мачителите, презирајќи ги маките и привремениот оган. Но, о, Теодоре, дару Божји по име и дело, со твојата молитва спасувај ги оние што го слават твојот спомен“ (стихира на Слава... на стиховни стихири на Утрена на Тодорова сабота).

На 28.02.2015 година, во првата Сабота од Великиот пост, посветена на светиот великомаченик Теодор Тирон, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Ѓорѓи Блажевски и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројниот верен народ, кој со пост и молитва се подготвувал да се соедини со Спасителот Христос, преку учеството во светиот Путир. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.

jordan Sneakers | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News

Митрополит Тимотеј

Во името на Отецот и Синот и Св. Дух.   Амин!
Драги браќа и сестри!

Денеска, нашата света Православна црква, прославува еден од Христовите следбеници, светиот Теодор Тирон. Овој благороден маж го дал својот живот за Христа во 4. век. Бил измачуван на разни начини, дури бил и горен во печка, но, силата Божја, заради неговата праведност, се покажала и бил спасен. Потоа, маченички го завршил својот живот. Тој бил удостоен, во еден временски период, да го спаси христијанскиот народ од осквернување. Имено, отпадникот од христијанството, императорот Јулијан, му наредил на градоначалникот, за време на Великиот пост, на пазарот да бидат изнесена храна којашто била попрскана со идолска крв. Но, Бог му се јавува на св. Теодор Тирон и тој оди кај надлежниот владика. Му кажува да го собере стадото Христово и да му каже да не купува ништо од пазар во овие посни денови, бидејќи храната е осквернета. На прашањето, што ќе јадат луѓето што дома немаат храна, одговорот бил да направат варена пченица, и така ќе останат неосквернети. Така постапил архиерејот и го спасил народот од оваа лукава замисла на отпадникот од Бога. Светата, пак, Црква, во таа чест наредила, секоја година, во првата сабота од Великиот пост, да се подготвува коливо во спомен на ова избавување на христијаните од осквернување.

Драги браќа и сестри. Ние овие денови ги поминуваме во молитва и пост, подготвувајќи се подостоинствено да Го пресретнеме и да Го примиме во нашето срце и душа, најсаканиот и најмилиот наш гостин, Господ Исус Христос. Како секој сериозен домаќин, кој се подготвува да го очисти својот дом кога чека возљубени гости, да се подготви и физички и психички, за саканиот гостин да се чувствува пријатно. Така и ние, како вистински христијани, да се потрудиме да го очистиме нашето тело, преку пост и молитва од сите слабости, страсти и пакости. А душата, пак, да ја насочиме кон светото, возвишеното, чесното и кон небесното. И така, да можеме да го примиме Господа Христа како вистински Негови следбеници. Денес, најголем дел од нас ќе се причести со телото и крвта на Господа Христа. Треба да знаеме и цврсто да веруваме, дека преку лебот и виното, светата Црква нè причестува со Телото и Крвта на нашиот Спасител Господ Исус Христос. А оваа света причест, пак, нека биде за наше телесно и душевно исцеление и за вечен живот, сега и во сета вечност. Амин!

Тодорова сабота
28. 02. 2015 год.
Храм „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, Охрид

TODSAB2015 1

TODSAB2015 3

TODSAB2015 5

TODSAB2015 7

TODSAB2015 9

TODSAB2015 11

TODSAB2015 13

TODSAB2015 15

TODSAB2015 17

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1