Во дваесеттата недела по Педесетница, на денот кога Црквата го празнува споменот на св. вмч. Артемиј, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на повеќемина свештенослужители, во охридското село Велгошти го изврши чинот на осветување на нова црква-параклис посветена на св. вмч. Димитриј. Кон многубројниот верен народ, Митрополитот г. Тимотеј се обрати со пригодно слово.
Authentic Sneakers | Nike Dunk Low Disrupt Pale Ivory - Grailify
Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух. Амин!
Ова е ден што го создаде Бог да се зарадуваме и да се возвеселиме во Него (Пс. 117, 24)!
Денеска, со помошта на Светиот Дух овој храм се освети. Овој свет храм денес го благослови Бог-Отец. Го освети Бог-Син. Го помаза со елеј на радоста, како што вели една црковна песна, Бог-Дух Свети. Стоејќи денес на овој простор, во овој свет храм, се потсетуваме на едно патување на ста-розаветниот праотец Јаков, кој на патот за Харан морал ненадејно да преноќи. И имал чудно видение. Видел скала која била утврдена на земјата а врвот и достигнувал до небото. Ангелите Божји се искачувале и слегувале по скалата, а на врвот бил Господ Бог, Кој му ветул на праотецот Јаков дека секогаш ќе биде со него. Старозаветни-от праотец се разбудил, се исплашил и рекол: Како е страшно ова место?! Ова не е ништо друго туку дом Божји. И навистина, ова се вратите небесни кои ќе нè водат кон небото.
За време на денешното осветување на овој свет храм ние се помоливме на Господа неговите очи секогаш да бидат отворени над овој свет дом. Бог да ги слушне сите ваши молитви и прозби што во него ќе ги барате. Се молевме со зборовите на премудриот Соломон, кој подигнал, за она време, највеличествен храм на Бога и го посветил на славата Божја и го молел Господа, тој дом и сите оние што се мо-лат во тој дом, да ги израдува со исполнување на нивните молби. И што му рекол Господ? Господ му ветил дека сè така ќе биде само дотогаш додека народот го исполнува неговиот мора-лен закон. Затоа, при осветувањето на храмот, рекол: Гледај, Господи, ни небото ни вселената не можат да те опфатат, а камо ли, пак, овој храм кој јас сум Ти го подигнал. И навистина, на Господа храм е целата вселена која Он со премудрост ја создал. И Него не можат да го опфатат ни овои четири ѕида и затоа се поставува прашање при осветувањето на секој храм: На кого му е попотребен тој храм? Дали на Него или на нас? Целата вселена е Божји храм. А ѕиданите храмови ни се потребни нас, на верниците, за кои апостолот Павле вели: Вие сте црква на живиот Бог.
Зошто нас ни се потребни земните храмови? За ова место да биде за троструко состанување. Во овој храм вие ќе се состанувате со Бога во молитва. Ќе се состанувате едни со други. Ќе се состанувате со своите починати предци, со нив ќе се дружите во молитвите. Од денес во ова свето место престојува Светиот Дух, кој управува со нашата црква. Светиот Дух вас ќе ве упати на секоја вистина. Светиот Дух ќе ве доведува тука да ги отворите своите срца на Господа Исуса Христа, да побарате од Него исполнување на сите ваши молби. Тука ќе ги примите сите свети тајни кои Господ ги оставил на својата земна црква додека повторно не дојде да им суди на живите и на мртвите. И тука ќе го примате она што е најсвето. Ќе го примате Телото и Крвта на нашиот Господ Исус Христос во своето тело и во својата крв, заради опростување на вашите гревови и за вечен живот.
Денеска има причина да се радува Велгошти и Охрид, па и пошироко Македонската православна црква. Бидејќи црковната управа на вашево село се погрижи да подигне дом Божји посветен и осветен на светиот великомаченик Димитриј, солунскиот чудотворец. Сите знаеме дека живееме во кризен период и тоа од повеќе аспекти: морални, материјални и национални. Со обиди на притисоци непринципиелни за изменување на нашиот национален идентитет и име. Нашиот народ во својата долга и тешка историја имал слични, па можеби и потешки периоди кои ги преживеал и надживеал и останал тоа што е - православен македонец. Сето тоа можел да го преброди благодарение на неговата силна вера во Господа Христа, во светиклиментовата Македонска православна црква. Тој цврсто верувал и ги поддржувал православните традиции на своите предци и се молеле на свети Климент и на свети Наум и на останатите Божји угодници да го крепат, да го штитат, да го инспирираат за да можат подостоинствено христијански да живеат и сите маки и страданија полесно и подостоинствено да ги поднесуваат. И покрај тешкиот материјален живот што го живееле во двојното ропство, и духовно и физичко, сепак тие граделе, надградувале и обно-вувале свои православни светилишта кои им биле центар на собирање и на негување на македонскиот дух, вера,
традиција, песни и ора, челичајќи го и народниот дух. И денеска новото поколение може да биде благодарно на Господа Бога што и тие го следат патот на своите предци, со градба на овој прекрасен Божји дом којшто ќе сведо-чи дека се вистински наследници на своите предци. И од ова свето место би сакал да искажам благодарност на сите чинители во изградбата на овој свет храм и да се помолиме на свети Димитриј, солунскиот чудотворец, стоструко да возврати на секоја христијанска душа што помогнала да се изгради и денеска да се освети овој дом Божји. Благодатта на нашиот Господ Исус Христос и љубовта на Бога Отецот и заедницата на Светиот да бидат со сите вас. Амин.