Денот кога Православната црква го празнува споменот на светиот маченик Нестор, Митрополитот Дебарско-кичевски г.Тимотеј во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот "Свети Наум Охридски", свештеникот Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевската епархија, свештеникот Сашо Ристески, парох на деветтата охридска парохија, и ѓаконите Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски, референти при Дебарско-кичевската епархија, служеше света божествена Литургија во црквата "Свети Никола" - Долна Маала во Охрид. На светата Литургија во ѓаконски чин беше ракоположен магистерот по теолошки науки Владо Недески од Охрид, за кого молиме Бог да му дарува духовни сили достојно да Му служи Нему и на Неговата Црква, за радост на ангелите и за пораз на демоните.

 

bridge media | Nike

 

svNestor1

svNestor1

svNestor1

На светата Литургија забележително беше присуството на голем број на верен, благочестив народ кон кои Митрополитот Тимотеј се обрати со празнична беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Во името на Отецот и Синот и Светиот Дух!

Драги христијани,
Светата православна црква како грижлива мајка бдее над своите деца, се труди, се жртвува да ги воспита, да ги изведе на вистински, благочестив животен пат. Таа е мајка на секоја христијанска душа. Постојано ни изнесува примери на кои ние треба да се угледаме и според кои треба да го насочиме нашето живеење да би се препородиле за да живееме дистоинствен христијански живот. Денешното свето Евангелие ни раскажува за една парабола за сејачот и семето. Оние што почесто доаѓаат во светиот Божји храм ја имаат чуено, а и нејзината содржина не е премногу тешка за да не може да биде и разбрана. Но, сепак, во кратки црти сакаме да кажеме за нејзиното значење, како би можеле и ние сите заедно да се поучиме од Христовиот поучен расказ. Сега е и време кога нашите земјоделци се трудат и го фрлаат семето по родните полиња за да соберат храна за себе а, исто така, и за нас кои не сееме, а јадеме. Но параболата има духовно и преносно значење, и покрај тоа што е многу сликовито прикажано во Евангелието. Се поставува прашање: Кој е сејачот? И самиот Господ Исус Христос одговора дека тоа е Бог, односно, семето е проповедта Христова, а земјата на која што паѓа се нашите срца. Постојат различни категории на земја, односно на луѓе, и на нивниот однос кон науката Божја.

 

svNestor1

svNestor1

svNestor1

Првото семе, светото Евангелие ни вели дека паднало на камено земјиште, необработено, безводно каде нема поволни услови за него. Тоа се луѓе со тврди срца кои не го слушаат словото Божјо. И,ако паѓа семето на науката Христова не може да никне туку веднаш приоѓаат лошите духови и го однесуваат фрленото семе на науката на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Втората категорија на земја е необработлива, тврда земја. Семето некако никнува но брзо се суши, бидејќи нема доволно влага и не може да донесе плод. Тоа се луѓе кои ја слушаат науката Христова, брзо се воодушевуваат но, штом ќе настапат и најмали искушенија, отстапуваат од верата. Трета категорија на земја е онаа која е обрасната со коров и трње. Семето паѓа на таа земја, никнува и почнува да расте но, бидејќи коравот и трњето имаат појак и подлабок корен во земјата побрзо напредуваат во своето растење. Кога посејаното семе ќе почне да расте трњето и коравот го задушуваат. Ова земјиште ги претставува оние луѓе кои со задоволство ги примаат зборовите на божествената наука со надеж дека ќе им донесе спасение. Но коровот и трњето, односно, нивните стари и порочни навики и гревовни склоности, како и желбата за земно богатство заради развратен живот и угодување на телото го задушуваат семето на божествената наука. И младите билки на Божјата наука се задушуваат од стариот порочен живот. Овие луѓе, со ваквите грешни навики, слични се на она момче од Евангелието кое силно сакало вечен живот, но неговото срце било премногу приврзано кон овоземното богатство. Таа претерана приврзаност кон богатството го задушува божественото семе кое раѓа вечен живот. Во светото Евангелие е речено: Каде што е вашето богатство таму е и вашето срце. Уште нешто: Никој не може да им слугува на двајца господари: зашто, или едниот ќе го замрази, а другиот ќе го засака; или кон едниот ќе се приврзе, а другиот ќе го презре. Не можете да им служите на Бога и на Мамон (Мт. 6, 24).

 

svNestor1

svNestor1

svNestor1

Затоа е потребно да се молиме за Божја благодат да помогне на нашиот труд и напор за искоренување на трњата и коровот од нашите срца, и на сите штетни желби и телесни страсти и задоволства како и за преголемата желба за земно богатство. Треба да се даде поголем простор во нашите срца за светлината, за топлината и за влагата на евангелската вистина; па фрленото божествено семе, со помош на овие поволни услови да може непречено да никне, да се зацврсти, да израсне, да созрее и накрај да донесе богат и спасо-носен плод. На четврто и последно место Господ ја става добрата и плодна земја која донесува богат плод. Добра и плодна земја е онаа која навреме е изорана, која има светлина и влага, односно, која ги има сите потребни услови семето да раѓа и да донесува богат род. Под добра земја подразбираме луѓе кои со задоволство го слушаат зборот Божји, го чуваат во чисто срце, та со големо трпение и одрекување можело нормално да никне, да расте, да созрее и да донесе голем и корисен плод. Света Богородица ја примила и чувала во своето чисто срце благата вест како закон Божји; во сè ја исполнувала Божјата волја и во таква состојба се удостоила да стане мајка на Спасителот на светот. Не е доволно само да се слуша науката Божја туку треба и да се живее според законот на таа наука. Нашиот Спасител, Господ Исус Христос ги нарекува свои браќа оние кои го слушаат и извршуваат словото Негово. Оној кој ја исполнува Божјата волја стекнува право на духовно сродство со Христа, бидејќи Он вели: Не секој што Ми вели: Господи, Господи, ќе влезе во царството небесно, туку оној што ја исполнува волјата на Мојот Отец, Кој е на небесата (Мт. 7, 21).

 

svNestor1

svNestor1

Оваа парабола Господ ја завршува со зборовите: Кој има уши да слуша, нека чуе (Мк. 4, 9). А за тоа уште еден пример, кој не само што го слушнал словото Божјо туку и го жртвувал својот живот за Христа, е денешниот маченик Нестор, кој на почетокот на четвртиот век во Солун го жртвувал својот живот не можејќи да го гледа страдањето на христијаните. Како млад, неискусен излегол на борилиште со прочуениот Лиј и, со силата Божја и со благослов на светиот великомаченик Димитриј, го фрлил овој озлогласен убиец на христијаните и покрај тоа што тој немал потреба самиот да се жртвува. Но сакал јавно и гласно да го исповеда Господа Христа и пред императорот и пред останатите гледачи кои уживале во страдањето на христијаните. Се прекрстил и рекол: "Со Господ на свети Димитриј ќе победам". Разгневен и омаловажен, императорот наредил со меч да биде погубен. Ете како верните следбеници, кои го примиле словото Божјо во нивните срца и души, оддано и непоколебливо го исповедаат до последно издихание. Затоа, пак, Господ благословил преку нивните свети мошти И преку нивните свети молитви безброј христијани да наоѓаат утеха и исцеление на своите телесни и душевни рани. Да се помолиме на свети маченик Нестор, чиј спомен денес го празнуваме, да се моли за нас пред престолот Божји за да ни ја испрати својата благодат во нашите души и срца, да ги облагороди и да ги подготви за примање на семето Христово, тоа да никне, да расте, да созрее и да донесе богат плод, односно спасение на нашите души во царството небесно. Амин!

 

svNestor1

svNestor1

svNestor1

svNestor1

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5