На празникот на светите бесребреници Козмо и Дамјан, во истоимената црква во Варош − Охрид, се служеше света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј во сослужение на свештеник Љупчо Симиџиоски, парох при црквата "Света Богородица - Каменско", Охрид, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох Варошки, свештеник Никола Христоски, редовен свештенослужител во манастирот "Свети Климент и Пантелејмон" - Плаошник, свештеник Саше Костадиноски, новоракоположен свештеник кој е на пракса во црквата "Света Богородица – Каменско" и ѓакон Димче Азески, референт при Дебарско-кичевската епархија.
Authentic Nike Sneakers | Patike – Nike Air Jordan, Premium, Retro Klasici, Sneakers , Iicf
На светото крштение секој човек, повторно раѓајќи се за живот во Црквата, добива благодатни дарови по милоста Божја, а не поради некоја наша заслуга. И тие дарови секој човек треба правилно да ги искористи за слава Божја и за доброто на Црквата, која што претставува Тело Христово, а секој член, како орган на тоа Тело, треба без остаток да се вгради себеси во тоа Богочовечко Тело. Пример за тоа претставува животот и подвигот на светите бесребреници Козмо и Дамјан, како што, впрочем, се пее и во тропарот на нивниот празник: Бесплатно добивте, бесплатно давајте. Ова претставува краток сублимат од празничното слово кое го произнесе Митрополитот Тимотеј кон верниот народ, кој во голем број беше присутен на светата Литургија.
После светата Литургија, во дворот на црквата се изврши водосвет и се прекрши празничниот колач.