„Се роди како што посака, се јави како што благоволи, пострада телесно, Боже наш; воскресна од мртвите откако смртта ја победи, се вознесе во слава, Ти Кој исполнуваш сѐ, и ни Го испрати Твојот Божествен Дух, за да Го воспеваме и славиме Твоето божество“ (хвалитна стихира на утрена на празникот Вознесение Христово).

 

На 13.06.2024 година, денот кога го прославивме славното Вознесение Христово, во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Горно Лакочереј, Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Кирил Јованоски, свештеникот Оливер Димитров, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а потоа се направи и литија околу храмот. Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во продолжение ви ја пренесуваме беседата изговорена од Неговото Блаженство Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, изговорена на денот на свечената канонизација на светите праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска.

Повеќе...

„Спасителови чеда со души девствени и на Црквата украси достојни сте зашто секоја лага ја разобличивте со подвиг и вера огнена, Спасе сечесен и Спасо со чисто срце, постанавте жители на Рајот и за нас брзи застапници“ (тропар на светите Спасе Вевчански и Спаса Вишенска).

 

Црквата како жив организам чија глава е Самиот Христос секогаш ги препознава светилата во светот, а и верно ги следи и исполнува зборовите на Спасителот дека светилото не се става под поклопец туку на свеќник, за да им свети на сите (Мт. 5, 15). Црквата не е збир од некакви морални и канонски мерки туку Тело Христово, чии членови се верните чеда, а од кои, пак, се очекува и чија цел треба да биде постојаниот стремеж кон светоста. И светоста не е некој архаичен и историски термин заборавен во првите три века туку нешто што се случува постојано, во сите дни од постоењето на овој свет. Има и неизборјни неоткриени светила и цел еден свет од маченици чии имиња не сме ги дознале, но ете така благоволил Бог. Он, пак, со Својата непогрешлива Промисла и преку Својата неискажлива милост, еве по вторпат за неколку години ја удостојува нашата света Дебарско-кичевска епархија да се радува на Неговите светии, на оние кои без трошка сомнеж и храбро се упатиле на патот кон светоста. По Пречистанските маченици, еве Господ сега не удостои да ја објавиме канонизацијата и на светите исповедници и праведни Спасе Вевчански и Спаса Вишенска.   

Повеќе...

Почитувани верни чеда на Македонската православна црква - Охридска архиепископија, во деновите што следат, поточно на 08 и 09 јуни 2024 година, во нашиот славен и древен Охрид, ќе биде одбележан важен настан за нашата света Црква, а тоа е канонизацијата на светите исповедници Спасе и Спаса Вишенски. По тој повод, на 08 јуни, во 16.00 часот, во храмот „Св. Атанасиј“ во с. Вишни, ќе биде отслужена Вечерна богослужба и измивање на моштите. Во 17.00 часот, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, ќе биде отслужена Вечерна богослужба, на којашто ќе чиноначалствува Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, а по завршувањето на Вечерната, ќе бидат пречекани моштите на Вишенските светии, кои и ќе бидат изложени во храмот. Потоа ќе биде направен и последниот парастос. Утредента, на 09 јуни, во храмот „Св. Софија“ ќе биде отслужена света архиерејска Литургија, на којашто ќе чиноначалствува Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, во сослужение на повеќе архиереи и свештенослужители, а на Литургијата ќе биде и официјално објавена одлуката за канонизацијата на Вишенските светии. Го повикуваме верниот народ да се приклучи на овие историски збиднувања од животот на нашата света Македонска црква, заедно и да ги пречекаме моштите на светите на Вечерната, кога ќе може и да се поклониме на светите мошти, како и сите заедно да земеме учество во официјалната канонизација и  во едната света Чаша. 

Повеќе...

„Крстот светол што ти се јави од небесата, си им го проповедал на сите, просветлувајќи ги јасно народите, славен Јоване Владимире; со пролевањето на својата крв си се украсил, и си се удостоил за непропадливите почести, стоејќи пред Света Троица; затоа со смелост моли се за нас на Христа нашиот Бог“ тропар на св. Јован Владимир).

 

На 04.06.2024 година, денот кога г прославуваме споменот на светиот Јован Владимир и на светиот праведен Мелхиседек, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештеникот Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, изврши преосветување на храмот „Св. Јован Владимир“ во с. Подгорци, Струга. Храмот започнал да се гради во 1924 година, а се изградил наредната 1925 година. Сегашната реконструкција на храмот започна во 2021 година, со заложбите и со донација на г-дин Владо Пупиноски, како и со поддршката и помошта од иницијативниот и црковниот одбор од селото. Храмот е целосно фрескоживописан од зографот Тони Милцов, а иконостасот потекнува од 1925 година, а сега е реставриран од страна на г-дин Перо Шутиноски. Поставен е и нов мермерен под и нов престол. По осветувањето на храмот, беше отслужена и света архиерејска Литургија, а по завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...
Страница 9 од 291

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Декември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
30 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 31 1 2 3