На 08.11.2021 г., кога го празнуваме споменот на Светиот Великомаченик Димитриј, Преподобниот Димитриј БасарабовПреподобниот маченик Јоасаф и споменот на големиот земјотрес, а по повод 75 годишниот јубилеј од роденденот на Митрополитот Преспанско-пелагониски г. Петар, и 40 годишниот јубилеј од неговата Епископска хиротонија, беше отслужена Света Архиерејска Литургија во соборниот храм Свети Великомаченик Димитриј во Битола, на која во присуство на Митрополитот Скопски и Архиепископ Охридски и Македонски и на Јустинијана Прима г.г. Стефан, чиноначалствуваше Митрополитот Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, во сослужение на Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Митрополитот Повардарски г. Агатангел, Митрополитот Европски г. Пимен, Митрополитот Брегалнички г. Иларион, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, Митрополитот Кумановско-осоговски г. Григориј, Епископот Хераклејски г. Климент, Епископот Стобиски г. Јаков, Епископот Антаниски г. Партениј, архимандритите Нектариј (Најдовски) и Никола (Трајковски), протоереј-ставрофорот Никола Грамбозов, игумените Серафим (Јончевски) и Спиридон (Поповски), протоереите Златко Костовски, Влатко Ристески, Сотир Гочевски, Кирил Трајковски, Илчо Смилевски, Пенчо Пусовски, ерејот Крсте Тасески, протоѓаконите Драган Ѓоргиевски, Александар Димитријов, Васил Ристовски, Константин Донев, ѓаконите Ѓорѓи Делев, Константин Сековски и Драган Иванов. По завршувањето на Божествената Литургија, Архиепископот г.г. Стефан, во името на САС на МПЦ-ОА, чија Одлука ја прочита Епископот Климент, му додели на Митрополитот Петар Орден на Свети Климент Охридски од Прв ред, а по повод 40 години неуморна архиерејска служба. Потоа Епископот Хераклејски г. Климент, се обрати кон Митрополитот Петар и кон верениот народ со пригодно пофално слово, кое  во целост ви го пренесуваме.

Повеќе...

Почитувани верници, во прилог Ви ја пренесуваме беседата од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, изговорена на Вечерната богослужба на празникот на светиот великомаченик Димитриј Солунски - Митровден, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид.

Повеќе...

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на душите наши“ (стихира на второ стихословие на Утрена на преп. Прохор Пчински). 

 

На 01.11.2021 година, денот кога го празнуваме споменот на преп. Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„На смирението твое Константине, во неправедното страдање, сечесен, се воахитуваме и Христа Го славиме, зашто во маките те покажа возвишен како првоасвештеник кој себе се принесе, затоа велегласно пееме: Радувај се, пастиру охридски“ (стихира на второ стихословие на Утрена на св. Константин Кавасила).

 

На 30.10.2021 година, во навечерието од Деветнаесеттта недела по Педесетница, и на празникот на св. ап. и евангелист Лука и на св. Константин Кавасила, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, започна прославувањето на малото воскресение и на двајцата велики светители, кои неуморно го проповедаа Евангелското слово. Празнувањето започна со Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто подолу интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Украсена со неискажлива храброст, богомудра, напарена со најсветли зраци, радосно стоиш пред престолот на твојот Создател, преподобна, каде што е гласот на оние кои празнуваат, богомудра Параскево“ (песна од канонот на Утрена на преп. мајка Параскева - света Петка).

 

На 27.10.2021 година, денот кога го прославуваме споменот на преп. мајка Параскева - света Петка, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски и Игор Никовски, свештеникот Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 64 од 294

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јули 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
29 30 1 2 3 4 5
6 7 8 9 10 11 12
13 14 15 16 17 18 19
20 21 22 23 24 25 26
27 28 29 30 31 1 2