На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, празник кој уште еднаш го покажува постојаното покровителство и застапништво на Мајката Божја за сите кои ѝ се обраќаат со искрена прозба и молитва, во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во с. Ѓунис, кај Крушевац, Р. Србија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на Неговото Блаженство Архиепископот Охридски и Македонски г. Стефан, на Митрополитите Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, Преспанско-пелагониски и Администратор Австралиско-новозеландски г. Петар, Бачки г. Иринеј и Нишки г. Арсениј, на Епископите Хераклејски г. Климент и Јенополски г. Никон, како и многубројно свештенство од двете цркви. Пред неизбројниот верен народ свои обраќања имаа и Патријархот Српски г. Порфириј и Архиепсикопот Охридски и Македонски г. Стефан, а на крајот сите беа поздравени и од домаќинот, Епископот Нишки г. Арсениј, кој на двајцата Поглавари им подари пригодни подароци. Овој манастир има и една историска важност за двете цркви. Имено, во овој манастир, под покровот на Мајката Божја и со нејзина пшомош, беа водени успешните преговори помеѓу двете цркви за обнова на канонското единство. Во продолжение ви пренесуваме дел од братската атмосфера низ фотографии, коишто се преземени од официјалната веб страна на Нишката епархија. На многаја лета!

Повеќе...

„Опкружувана од божествен сјај на ангелските воинства, и почитувана заедно со хоровите на пророците и апостолите, како Мајка Божја, посети не нас - твоите слуги, молејќи Го Христа нашиот Бог, да ни дарува милост голема“ (седален на Утрена на празникот Покров на Пресвета Богородица).

 

На 14.10.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Покров на Пресвета Богородица, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, зеде учество во богослужбата во манастирот „Покров на Пресвета Богородица“ во Ѓунис, Р. Србија, а на која началстуваше Неговата Светост Патријархот Српски г. Порфириј, во сослужение на нашиот Архиепископ Охридски и Македонски г. Стефан, и повеќе архиереи и свештенослужители од двете цркви. Со благослов на Митрополитот Тимотеј, свештеникот Роберт Илијевски отслужи света Литургија во капелата „Покров на Пресвета Богородица“ во Митрополитската резиденција во Охрид. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а во името на нашиот Митрополит Тимотеј, отец Роберт ја прочита беседата од Митрополитот упатена до верните чеда. Истата ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Исполнети изобилно со врвната мудрост Христова, трите ќерки на Софија и избраната и благоумна мајка, ја посрамија свирепоста и неподносливото лудило на мачителите, изложувајќи ги божествените учења“ (песна од канонот на Утрена на празникот на св. мч-чки Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија).

 

На 30.09.2024 година, денот кога си спомнуваме на маченичките подвизи и славната смрта на светите маченички Вера, Надеж и Љубов и мајка им Софија, во катедралниот храм „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Преосвештенство Епископот Дељадровско-илинденски г. Јоаким, архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Александар Димоски, протоерејот Горан Ставрески, свештениците Љупчо Бакрачески и Роберт илијевски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, ероѓаконот Јаков и ѓаконот Марко Спасовски. Овој празничен ден ќе остане запомнет за ѓаконот Марко, кој од раката на Митрополитот Тимотеј беше ракоположен во свештенички чин. Од името на Митрополитот, свештенството, ѓаконството, монаштвото и сиот верен народ од нашата Епархија, му го честитаме свештеничкиот чин на отец Марко, со желби и молитви достојно да служи на светата Црква Христова, за спасение на довереното му стадо и за спасение на неговата душа. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

На 27.09.2024 година, во посета на Р. С. Македонија во Охрид допатува Премиерот на Унгарија г-дин Виктор Орбан, а домаќин е Премиерот на Р. С. Македонија г-дин Христијан Мицкоски. Во рамките на посетата, почитуваниот г-дин Орбан посети и неколку духовни светилишта на македонскиот народ, а помеќу нив и храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид и Галеријата на икони, а потоа, ѝ причини голема чест и на нашата света Дебарско-кичевска епархија, посетувајќи го Административниот центар на Епархијата во Охрид. Премиерите беа пречекани од Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, кој им посака топло добредојде на гостите, а накратко и го запозна г-динот Орбан со историјата на нашата света Црква, како и со значењето на градот Охрид и Охридската архиепископија за нашиот македонски народ. 

Повеќе...

„Денес четирите краишта на светот се осветуваат, со четирите краеви на Твојот Кртс, Христе Боже наш. Со него се издигнува и достоинството на православните христијани; со него се крши силата на непријателите. Голем си, Господи и чудесен во Твоите дела: слава Ти“ (самогласна стихира на Утрена на празникот Воздвижение на чесниот Крст).

 

На 27.09.2024 година, денот кога го прославуваме празникот Воздвижение на чесниот Крст - Крстовден, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата беше изнесен насреде храмот чесниот и славен Крст, дрвото од кое изникна спасението на човековиот род. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...
Страница 1 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1