„Оној што некогаш ја затвори бездната, сега мртов се гледа и, завиткан во смирна и плаштаница, Бесмртниот како смртен во гроб се полага; а жените, плачејќи горчливо, дојдоа да Го помазат со миро, викајќи: Оваа сабота е најблагословена, зашто во неа Христос, заспан, по три дена ќе воскресне“ (кондак на Утрена на Велика Сабота).

Христос се спушти со својата нераспадлива и божествена душа во адот, и им ја соопшти радосната вест на сите, кои Го очекуваа спасението. И адот се избезумува, чувствувајќи ја преголемата Божја сила, зашто во него дојде Оној, Кој има власт над сета вселена. Во него слегува Оној, Кој дојде да ја разруши силата на смртта и вратите на адот.

На овој Велик ден (02.05.2013 година), Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Свештенството и многубројниот верен народ едногласно го испеаја Опелото на Распнатиот Христос, и со жална поворка околу Божествениот храм, Го погребаа Распнатиот за светот Христос. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која во целост ви ја пренесуваме.

Sports Shoes | adidas

Повеќе...

„Кога Јосиф од Ариматеја Те симна од крстот мртов Тебе, Христе, Животот на сите, со смирна Те попрска и со плаштаница Те зави, и полн со љубов, со срцето и усните го целиваше Твоето нетлено тело: но обземен од страв, радувајќи се, Ти пееше: Слава на Твоето понижување, Човекољупче“ (стиховна стихира на Вечерна на Велики Петок).

На Велики Петок утрото продолжуваме со опевање на страданијата и долготрпението на нашиот Спасител. Преку Царските часови, на кои уште еднаш се читаат страдалните Евангелија, повторно се преживуваме маките Христови. Откако му проповедаше спасение на човечкиот род, сега Христос се положува во гроб,  за да им проповеда и на оние, кои одамна го чекаат во мрачниот ад. Овој ден го прославивме на 03.05.2013 година, а Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј боголужеше во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, во сослужение на свештениците Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На поставениот гроб Христов насреде храмот, беше изложена плаштаницата, а свештенството и верниот народ ја целиваа и Му се молеа на Господа со зборовите на разбојникот: „Спомни ме, Господи, во Царството твое“. 

bridgemedia | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177

Повеќе...

„Со дрвото Адам беше иселен од рајот, и со крсното дрво разбојникот во рајот се всели: првиот, кога вкуси, ја отфрли заповедта на Творецот; вториот, пак, распнат со Тебе, Те призна за Бог, викајќи: Спомни ме, Господи, во Царството Твое“ (стихира на Блажени на Утрена на Велики Петок).

Во светиот и Велик Четврток вечер, кога ја пееме Утрената служба од Велики Петок, ги славиме спасителните страдања на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Со затемнети очи од гревот, не Го познаа Месијата, оние, за кои Он се понижи и дојде во овој свет, па Го предадоа, Го мачеа, Го плукаа, а на крај, и на крст Го распнаа. Христовите страданија ни ги пренесоа четворицата евангелисти, низ дванаесетте страдални евангелија, кои се читаа на светата богослужба. На овој ден, 02.05.2013 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј богослужеше во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, протоереј Темелко Донески, свештеник Петре Бојчиноски и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски.

Sports brands | UOMO, SCARPE

Повеќе...

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува: и Он, безгрешниот, доброволно прима сè, за да им дарува на сите воскресение од мртвите“ (стихира на хвалитни на Утрена на Велики Четврток).

Во овој свет и Велик Четврток го празнуваме  споменот на повеќе настани од Христовиот живот, а кои му претходеле на страдањето и смртта на нашиот Спасител, Господ Исус Христос. Особено важно е празнувањето на споменот на Тајната Вечера, на која Христос ја востановува светата тајна Евхаристија (причест), која, пак, за оние што учествуваат во неа и се причестуваат со светото Тело и Крв Христови, значи соединување со Него и спасение на душите и телата. Зашто и светите отци рекле: „Она што е соединето со Бога, спасено е“.

На овој голем ден, на 02.05.2013 година, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Горан Ставрески и Владо Недески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според Уставот на светата Црква, беше извршен и чинот на Маслосвет, а Митрополитот Тимотеј ги причести верните чеда и им подели нафора. 

jordan release date | Sneakers

Повеќе...

„Скапоценото миро блудницата го измеша со солзите и го излеа врз пречистите нозе Твои, целивајќи ги: неа веднаш си ја оправдал, а нам прошка дарувај ни, Ти, Кој за нас пострада, и спаси нè“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велика среда).

Во светата и Велика среда од Страсната седмица го прославуваме споменот на жената блудница, која Го помаза Исуса Спасителот, и на тој начин, Го подготви Христа за Неговото погребение. Овој ден го прославивме на 01.05.2013 година, со света архиерејска Литургија на Претходноосветените дарови, во храмот „Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, свештениците Никола Христоски и Димче Азески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. Митрополитот Тимотеј ги причести верниците кои пристапија кон светиот Путир, и се обрати кон верното стадо со пригодно слово, во кое повика на покајание и одвраќање од гревовите, а за достојно прославување на Воскреснатиот Христос.

short url link | balerínky

Повеќе...
Страница 213 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1