„Архистратизи Божји, служители на Божествената слава, на ангелите началници, и на луѓето наставници, просете го за нас она што е полезно, и милост голема, како бесплотни архистратизи“ (кондака на Собор на св. Архистратиг Михаил и на другите бесплотни Сили).

На 21.11.2011 година, денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид беше отслужена света архиерејска Литургија, на која началствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритите Нектариј и Јосиф, јеромонахот Григориј, свештеникот Горан Ставрески и ѓаконите Николче Ѓурѓиноски и Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово, а потоа беше прекршен и празничниот колач.

Best Authentic Sneakers | Air Jordan 1 Low White/Black-Midnight Navy For Sale – Fitforhealth

Повеќе...

Според учењето на Црквата, сиот човеков принос на Бога во Евхаристијата поминува низ рацете на Епископот, кој според зборовите на св. Игнатиј Богоносец, „е на местото Божјо“, односно на местото Христово, бидејќи е „слика Господова“, односно „икона Христова“. Водејќи се од овие зборови на светите отци и будно чувајќи ги, и нашата света Македонска православна црква отсекогаш поставувала богомудри водачи на својот народ.

Дебарско-кичевската епархија оваа година го слави големиот Јубилеј - 30 години од доаѓањето на својот духовен водач и настојател, Митрополитот Тимотеј. Радоста, пак, беше уште поголема и поради пуштањето во употреба на новиот Административен центар на Дебарско-кичевската епархија.

Running sports | Women's Nike Air Jordan 1 trainers - Latest Releases , Ietp
Повеќе...

По повод
осветувањето на новиот
Митрополитски административен центар,
како и Јубилејот 30 години од
митрополитска служба на
Митрополит г. ТИМОТЕЈ,
Ве покануваме на овие свечености
на ден 20.XI 2011 година
во Охрид

ПРОГРАМА
07.30 Утрена богослужба во црквата „Св. Софија“
08.45 Дочек на Архиепископот Охридски и
Македонски г.г. Стефан со архиереите на МПЦ
09.00 Света архиерејска литургија
Чиноначалствува:
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
со останатите архиереи
Пее: црковен хор „Св. Климент Охридски“ од Охрид
Поздравно слово од името на САС на МПЦ:
Архиепископ Охридски и Македонски г.г. Стефан
Доделување на орден „Св. Наум Охридски“:
Митрополит Дебарско-кичевски г. Тимотеј
11.30 Осветување на Митрополитски административен
центар (старо училиште „Св. Климент Охридски“,
во дворот на црквата „Св. Богородица Перивлепта“)
13.00 Свечен ручек во хотел „Гранит“ – Охрид
Одбор за прослава на Јубилејот

 

Running Sneakers Store | Air Jordan 4 - Collection - Sb-roscoff

„Откако примивте благодат за исцеленија, им давате здравје на оние што се во неволја, лекари и чудотворци преславни! Но, со вашата посета, соборете ја дрскоста на воините, лекувајќи го светот со чудеса!“ (кондак на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан)

На ден 14.11.2011 година го прославуваме споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан и во нивна чест во храмот „Св. Козма и Дамјан“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески, Игор Никовски и Горан Ставрески и ѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа.

affiliate tracking url | Nike

Повеќе...

„Храбро си извојувал голема победа; затоа, разгорен со љубов Божествена, си го презрел распадливиот цар и секоја убавина, кога се насели во Козјак Планина. Од неа, пак, се вознесе на небесата при Царот над царевите, Прохоре. За сите нас моли се непрестајно“ (кондак на преподобен Прохор Пчински).

На ден 01.11.2011 година го прославуваме споменот на великиот подвижник на Црквата Христова и Светиклиментова преподобниот Прохор Пчински, како и споменот на светиот Јован Рилски. По тој повод, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ – Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј (Најдоски), свештениците Игор Никовски, Никола Христоски и Горан Ставрески и ѓаконот Васко Голабоски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодно слово, во кое се задржа на животот на преподобниот Прохор и неговиот подвиг и во кое го помоли преподобниот да биде наш постојан заштитник и молитвеник пред Бога.

Sport media | Air Jordan Retro - 2021 Release Dates + Preview , Fitforhealth

Повеќе...
Страница 239 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1