„Страдалнику Теодоре, твојот дар ти прилега тебе, зашто е дел од твоите особини, а нас што нѐ направи учесници во твоето наследство, радосно ти принесуваме дарови на похвала“ (песна од Канонот на Утрена на Тодорова сабота).

 

На 24.02.2018 година, во Саботата од Првата седмица на Великиот пост, кога го празнуваме споменот на св. вмч. Теодор Тирон, и на празникот на светиот маченик Георгиј Кратовски и светиот Власиј, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, свештениците Љупчо Бакрачески и Сашо Целески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sneakers Store | Nike Off-White
Повеќе...

„Светата, гледајќи се себеси во чистота, смело му вели на Гаврила: - Твоите чудни зборови тешко може да ги прими мојата душа, зашто зборуваш за раѓање од бессемено зачнување и велиш: Алилуја!“ (Кондак од Акатистот на Пресвета Богородица).

 

На 23.02.2018 година, во петокот од Првата седмица на Великиот пост, во попладневните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужен првиот Акатист на Пресвета Богородица, на кој чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски и свештеникот Горан Ставрески. По завршувањето на Акатистот и поклонувањето пред акатистната икона на Мајката Божја, свештеникот Горан Ставрески, со благослов на Митрополитот Тимотеј, се обрати кон верниот народ со пригодно слово, во кое ја истакна улогата на Пречистата Дева во животот на христијаните, која како грижлива Мајка се застапува за нас грешните пред нејзиниот Син и наш Господ.

affiliate link trace | Yeezy Boost 350 Trainers
Повеќе...

„Човекољупче, Кој со Твоите страдања на сите луѓе си им дал бестрастие, откако со Твојот Крст ги умртви страдањата на моето тело, мене, кој со пост ѝ благоугодувам на Твојата слава, удостој ме да го видам божественото страдање, за да ја примам изобилно милоста голема“ (седален на Утрена на Среда од првата седмица на Великиот пост).

 

На 21.02.2018 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена Литургија на претходноосветени дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Сашо Богданоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Димче Азески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме. 

Authentic Nike Sneakers | Nike
Повеќе...

„Со воздржување да побрзаме сите телото да го смириме, минувајќи го божественото поприште на светиот пост, и со молитви и солзи Господа, нашиот Спасител, да Го побараме, викајќи: Згрешивме, спаси нè, како некогаш Ниневјаните, Христе Цару, и заедничари на Царството небесно, Милосрден, направи нè“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на Прочка).

 

На 18.02.2018 година, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, во вечерните часови, беше отслужена Вечерна богослужба, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоереј-ставрофорите Никола Христоски и Димче Ѓорѓиески, свештеникот Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Вечерната, според одамна воспоставената традиција, сите присутни си побараа прошка еден од друг, та со дадено простување и со чисто срце да зачекорат во очистителните води на претстојниот Велигденски пост. Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

bridge media | adidas Campus 80s South Park Towelie - GZ9177
Повеќе...

„Во она време на Синајската Гора Мојсеј Го виде Бога одзади, и се удостои да го слушне тенкиот глас Божји во мракот и ветрето; но сега Симеон можеше во своите раце да Го држи Бога, Кој заради нас се воплоти неизменливо, и радосно брзаше да замине одовде во вечниот живот. Затоа викаше: Сега го отпушташ Својот слуга, Владико“ (седален на Утрена на Сретение на Господ Исус Христос).

 

На 15.02.2018 година, на великиот празник Сретение на Господ Бог и Спасителот наш Исус Христос, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештеникот Петар Бојчиноски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Христијан Костоски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме. 

Sports brands | Vans Shoes That Change Color in the Sun: UV Era Ink Stacked & More – Fitforhealth News
Повеќе...
Страница 129 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1