„Кога изворот на Духот дојде на земјата, разделувајќи се духовно во вид на огнени реки, ги пороси апостолите просветлувајќи ги, и беше како облак кој освежува. Преку него ние ја примивме благодатта, преку огнот и водата. Светлината на Утешителот дојде и светот го просветли“ (седален на Утрена на Втор ден Духовден).

 

На 01.06.2015 година, на празнувањето на вториот ден Духовден, во катедралниот храм „Св.Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереј Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески, Горан Ставрески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу интегрално ви ја пренесуваме.

Authentic Nike Sneakers | Nike
Повеќе...

„Законите на природата се надминати; се слушна чудна работа: додека од учениците се слушаше само еден глас, со благодатта на Духот, луѓето и народите, племињата на различни јазици ги слушаа божествените величија, упатени во познанието на Света Троица“ (песна од канонот на Педесетница). 

 

На 31.05.2015 година, во Неделата на светата Педесетница, во храмот „Св. Троица“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Кирил Јованоски, Ромео Петрески и Владо Недески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, според црковниот Устав, беше отслужена и Вечерната богослужба, на која свештенослужителите заедно со верниот народ се помолија да им биде испратена благодатта на Светиот Дух, за простување на гревовите на сите родени на земјата, но и за упокоение на душите на сите порано починати православни христијани. Потоа беше извршен и чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач. 

Buy Sneakers | New Balance 530 "White" MR530SG - MR530SG
Повеќе...

„Нека се радуваат денес словенските народи, светло празнувајќи го свештениот спомен на богомудрите учители, бидејќи од нив започна Божествената литургија на сродниот ни јазик словенски, и се извршува сето црковно служење; преку нив ни се даде и неисцрпниот извор на вода која тече во живот вечен. Пиејќи од неа, да не престанеме да ве величаме вас, Кириле и Методие, зашто вие, веселејќи се во славата на светите, се молите прилежно да се спасат нашите души“ (седален на Утрена на светите Кирил и Методиј).

 

На 24.05.2015 година, на денот кога ги празнуваме светите рамноапостолни и сесловенски просветители Кирил и Методиј, во параклисот посветен на двајцата браќа во манастирот „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски и Горан Ставрески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј им го честита празникот на присутните и им подели нафора.

Sports News | Men’s shoes
Повеќе...

„Вие, кои на земјата и ги оставате земните грижи, на правта и ги отстапувате калта и отпадот, ајде да се отрезниме, ние смртните, очите и мислите да ги издигнеме во висините, погледот и чувствата да ги впериме кон небесните врати, да си замислиме дека сме на Маслиновата Гора, и да Го созерцаваме Избавителот, носен на облаците, зашто оттаму Господ се вознесе на небесата, и таму ги раздели изобилните дарови на Своите апостоли, откако ги утеши како татко, и ги утврди, и ги поучи како синови, и им рече: Не се разделувам од вас; Јас сум со вас, и никој ништо не ви може“ (икос на празникот Вознесение Христово).

 

Во четириесеттиот ден по Воскресението Христово, нашиот Спасител се вознесе на небесата, но и им Го навести Утешителот - Светиот Дух на апостолите, велејќи им: Добро е Јас да заминам, оти, ако Јас не си заминам, Утешителот нема да дојде. Откако Воскреснатиот Христос им се јавувал на учениците во текот на четириесетте дена, поучувајќи ги и извршувајќи многубројни чудеса, Он се воздигнал на небесата и седнал од десната страна на Отецот. Всушност, Господ Исус Христос ја воздигнува човековата природа на небесата, со што и се разрушува древната клетва, а човекот го добива најголемото достоинство - достоинство за кое се вели дека и око не виде и уво нема слушнатоЗатоа и верниот народ толку радосно и торжествено го прославува овој празник, знаејќи и исповедајќи дека Христос се вознесе, но и дека Сесветиот Дух нема да задоцни и ќе дојде.

 

Прославата на овој величествен празник започна ден порано (20.05.2015) со свечена Вечерна богослужба во манастирот „Вознесение Христово“ („Св. Спас“) во с. Г. Лакочереј, Охрид, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. Празнувањето продолжи утредента, најпрво со преосветувањето на светиот престол, во реновираната манастирска црква, а потоа и со света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Кирил Јованоски, Владо Недески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а се изврши и литија околу храмот. 

Best jordan Sneakers | Women's Designer Sneakers - Luxury Shopping
Повеќе...

На 16.05.2015 година, на празникот на светите маченици Тимотеј и Мавра, во манастирот „Рождество на Пресвета Богородица“ во с. Г. Манастирец, Македонски Брод, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопресвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештеникот Никола Христоски, еромонахот Ефросиниј и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше осветен новиот конак во манастирот. Митрополитот му честита на монахот Бенедикт за неговиот труд во возобновувањето на ова наше светилиште и му посака и понатамошни успеси за афирмација на манастирот и на Македонската православна црква, а неговите заложби да бидат за спасение на неговата душа.

Adidas shoes | nike fashion
Повеќе...
Страница 178 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1