„Христе, Кој ги држиш краиштата на светот, доброволно си прифатил да бидеш држан од гробот, за да го избавиш човештвото од проголтувањето адово и, како Бог бесмртен, откако ќе воскреснеш, и нас да нè оживиш“ (тропар на пророштвото од Утрена на Велика Сабота). 

 

На Велики Петок вечерта, кога всушност ја пееме Утрената од Велика Сабота, го прославуваме телесното погребение  и слегувањето во адот на нашиот Спасител, Господ Исус Христос, каде и на оние кои од дамнини Го чекаа спасението, им беше проповедано Словото Божјо. Бог слегува во адот, со Својата обожена душа, а со Својата божествена природа Он седи заедно со Отецот и светиот Дух. 

 

На овој свет ден, на 10.04.2015 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба на која се пее Опелото Христово, а на со богослужбата чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Роберт Илијевски и Миле Алексоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. На соодветното место беше извршена и литијата, односно трикратното опкружување околу храмот, кое го симболизира Христовото погребние. Се поклонуваме на Твоите страдања Христе и го чекаме Твоето свето Воскресение

bridgemedia | Nike Shoes
Повеќе...

„Тебе, Творецот на сè и Бога, гледајќи Те на крстот, Христе, онаа што бессемено Те родила, горко викаше: Сине Мој, каде зајде Твојата убавина! Не можа да гледам како Те распнуваат неправедно: но, побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно од мртвите воскресение“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велики Петок). 

 

На Велики Петок утрото, со пеењето на Царските часови и Вечерната, продолжува оплакувањето на Спасителот, на Оној Кој е пред вековите, а Кого неразумните не Го познаа и Го распнаа на крст. На овој ден, кој го прославиваме на 10.04.2015 година, во утринските часови, Неговото високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј чиноначалствуваше на богослужбите во храмот „Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, во сослужение на свештениците Димче Азески, Горан Ставрески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната богослужба беше изнесена светата Плаштаница, со која се симболизира Христовото полагање во нов гроб, во гробот од кој за три дни ќе изгрее животот за сиот човечки род.

affiliate tracking url | NIKE AIR HUARACHE
Повеќе...

„Оној што се облекува со Светлина како со риза, необлечен стоеше на судот и по образот прими удари од рацете што ги создаде: беззаконите луѓе на крст Го приковаа Господа на славата: тогаш црковната завеса се раздра, сонцето се помрачи, не можејќи да го гледа понижувањето на Бога, пред Кого трепери сè што е создадено: Нему да Му се поклониме“ (десетти антифон од Утрена на Велики Петок). 

 

Во светиот и Велик Четврток вечер, кога според Уставот на православната Црква се пее Утрената богослужба од Велики Петок, и се читаат дванаесетте страсни Евангелија, ние си спомнуваме за сите маки и страдања, кои нашиот Спасител, Господ Исус Христос, ги претрпе од страна на беззаконите луѓе. Иако невин како Јагне, Он беше предаден во рацете на иноверните, беше плукан, тепан, измачуван, а ја прими и најсрамната смрт за тоа време - распнувањето на крст. Ете таква љубов има Спасителот. Затоа и ги подготвуваше Своите ученици, а и сите нас, со зборовите: Нова заповед ви давам, да се љубите еден со друг; како Јас што ве возљубив, така и вие да се љубите еден со друг (Јн. 13,34). 

 

На овој свет ден, на 09.04.2015 година, во вечерните часови, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена Утрена богослужба со читање на дванаесетте страсни Евангелија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Илија Танаскоски, свештениците Петре Бојчиноски, Васко Голабоски и Димитрија Павлески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на богослужбата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодно слово кон многубројниот верен народ.

best Running shoes | Converse Chuck 70 National Parks - Red Bark / Malted / Gold Dart – Spartanova
Повеќе...

„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува: и Он, безгрешниот, добороволно прима сè, за да им дарува на сите воскресение од мртвите“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна од Велики Четврток). 

 

Во овој велик ден празнуваме и си спомнуваме за повеќе настани, но настанот кој особено се истакнува, секако, е Тајната Вечера, на која нашиот Спасител Христос, ја востанововува Евхаристијата, преку која и ние стануваме едно еден со друг, но и со Самиот Христос. Евхаристијата е врв на Христовата љубов, бидејќи Он не само еднаш и само тогаш, туку постојано и секојдневно се принесува за нас грешните. А Он, токму таква заповед ни даде: да се љубиме еден со друг, а ако се љубиме, по тоа ќе нè познаат дека сме Негови

 

На 09.04.2015 година, на Светиот и Велик Четврток утрото, во храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначлствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Никола Христоски, Љупчо Симиџиески, Владо Недески и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово, во кое се задржа на Евхаристијата и нејзиното животно и неопходно значење за човековиот род и за секој човек посебно, а потоа и им подели нафора на верниците.

jordan Sneakers | Nike
Повеќе...

„Онаа што поради нејзиниот живот беше отфрлена и која поради покајанието беше примена, носејќи миро, Ти пристапи викајќи: Ти, Кој се роди од Дева, не отфрлај ме мене блудната. Не презирај ги моите солзи, Ти, Кој си радост на ангелите. Но, прми ме, мене којашто се каам, грешницата што не си ја отфрлил, Господи, поради Твојата милост голема“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна во Светата и велика Среда). 

 

На 08.04.2015 година, во Светата и велика Среда, во храмот „Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на претходноосветените дарови, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верните со пригодно слово. 

Best Nike Sneakers | Jordan Ανδρικά • Summer SALE έως -50%
Повеќе...
Страница 181 од 289

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Октомври 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
28 29 30 1 2 3 4
5 6 7 8 9 10 11
12 13 14 15 16 17 18
19 20 21 22 23 24 25
26 27 28 29 30 31 1