„Преку мудроста на твоите зборови, верата си ја објаснил, оче, и луѓето кои се одвратија од прелеста многубожечка, си ги научил да ја чествуваат Троица несоздадена“ (песна од канонот на Утрена на свети Климент Охридски Чудотворец).

 

На 08.12.2022 година, денот кога го славиме споменот на сепреподобниот и светол проповедник, светиот Климент Охридски Чудотворец, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник, во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Кирил Јованоски, свештеникот Атанас Казанџиски, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Дојдете празникољупци, соборната песна на ангелските чинови да ја запееме, за нивните милости да ги пофалиме и бодро да повикаме: боговдахновен Клименте, со твоите молитви спасувај ги од секакви искушенија, напасти и неволји оние кои те почитуваат“ (стихира на Господи повикав... на Мала вечерна на светиот Климент Охридски Чудотворец).

 

На 07.12.2022 година, во навечерието на празникот на патронот на нашата света Македонска црква и на патронот на нашиот град Охрид, светиот Климент Охридскиот Чудотворец, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена Празнична вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Горан Ставрески и Љупчо Бакрачески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Вечерната богослужба, со благослов на Митрополитот Тимотеј, кон верниот народ се обрати протоерејот-ставрофор Игор Никовски, со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. На крајот беше отслужен и Молебен кон нашиот свет татко и заштитник светиот Климент Охридски, пред неговите свети мошти. 

 

Во подоцнежните часови, делегација од Дебарско-кичевската епархија Охрид, предводена од Митрополитот Тимотеј, присуствуваше и на прославата по повод празникот Свети Климент Охридски, оргазнизирана од Општина Охрид, а на која на архимандритот Нектариј (Најдоски), игумен на манастирот „Св. Наум Охридски“ Охрид, му беше врачено највисокото општинско признание Патрон на градот „Св. Климент Охридски“. Наградата оваа година отиде кај нашиот возљубен духовен отец и раководител на манастирот „Св. Наум Охридски“ поради неговиот неуморен труд и несебично залагање во возобновувањето и разубавувањето на Светинаумовото светилиште, како и за неговата духовна грижа за Охрид и охриѓани, за кои молитвено повеќе од триесет години се застапува пред преподобниот Наум Охридскиот Чудотворец. На отец Нектариј од името на сите нас испраќаме честитки за ова високо признание, а молиме пред Бога, Он уште долги години да му дава крепко здравје, мудрост и сила, и понатаму да бие светило во кое многумина ќе го најдат патот на спасението.   

Повеќе...

„Плодот на праведните Јоаким и Ана, како дете Му се принесува на Бога во светиот храм - хранителката на нашиот живот, која ја благослови првосвештеникот Захарија. Сите ние, како Мајка Божја, верно да ја прославиме“ (седален на Утрена на празникот Воведение на Пресвета Богородица во храмот).

 

На 04.12.2022 година, на денот кога го прославуваме празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица - Пречиста, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Кирил Јованоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон многубројниот верен народ со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Хорот ангелски, кој за водач го има божествениот Михаил, со него принесува пеење на Света Троица, бидејќи Создателот на сѐ, преку Словото, од непостоење ги приведе (во постоење) воинствата на огнезрачните сили“ (седален на Утрена на Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили).

 

На 21.11.2022 година, во денот кога го прославуваме празникот Собор на св. Архангел Михаил и на другите бесплотни Сили, во ман. „Св. Наум Охридски“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, протоерејот-ставрофор Никола Христоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Правејќи чуда од бесплатните ризници на пречистите благодатни дарови, покажавте љубов чесно, откако го примивте богатството небесно, и ја оставивте славата земна; затоа Му принесуваме песна на Создателот на сите, Кој ви ја дарува благодатта на исцеленија“ (седален на Утрена на св. бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан).

 

На 14.11.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на светите бесребреници и чудотворци Козма и Дамјан, во храмот „Св. Козма и Дамјан“ (Голем Св. врачи) во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим, свештеникот Васил Михајлоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Мал водосвет и беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост. 

Повеќе...
Страница 7 од 257

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5