„Господи, мртов си се нарекол Ти, Кој смртта си ја умртвил; во гроб си се положил Ти, Којшто гробовите си ги испразнил; горе, гробот го чуваа војници, а долу, си ги воскреснал умрените со векови. Сесилен и недостижен Господи, слава Ти“ (седален во Недела на утрена, глас 5-ти).

 

На 13.11.2022 година, во Дваесет и втората недела по Педесетница, и на празникот на св. апостоли Стахиј, Амплиј, Урван, Наркис, Апелиј и Аристовул, во храмот „Успение на Пресвета Богородица - Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Васијан (Змеев) од Руската православна црква (настојател на Руското подворје во Софија, Р. Бугарија), протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Ѓорѓи Блажевски и Љупчо Бакрачески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме. 

Повеќе...

„Како на доблесен страдалник и крепок воин на Христа - Царот на сите, псаломски викаме: Радувај се, украсу и убавино на мачениците! Радувај се, светла ѕвездо на Црквата, и бедему и пристаниште на тие кои прибегнуваат кон тебе, славен великомаченику Димитрие! Спасувај ги сите оние кои ти пеат, од секаква необична штета и несреќа“ (седален на Утрена на св. вмч. Димитриј).

 

На 08.11.2022 година, денот кога го празнуваме славниот спомен на светиот и славен великомаченик Димитриј Мироточив Солунски, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Струга, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, протоерејот Васко Голабоски, свештениците Александар Димоски и Христијан Костоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...

„Со песни го величаме големиот испосник, зашто ги умртви нападите на страстите; со трајно воздржување и трпение, навистина го посрами непријателот противник, и сета горделивост негова ја порази; и сега моли се за спасение на нашите души“ (седална стихира на Утрена на преп. Прохор Пчински).

 

На 01.11.2022 година, денот кога го празнуваме споменот на великиот подвижник и испосник преподобниот Прохор Пчински, во ман. „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Димче Ѓорѓиески и Панајотис Костулас (од Митрополијата на Лангада, Грчка православна црква), свештеникот Горан Ставрески, еромонахот Никодим, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.

Повеќе...

„Сега верни да притекнеме, да го воспееме Константина, кој од младоста Го возљуби Христа Бога и се прилепи кон Него и Нему ревносно Му послужи, неправедно страдајќи привремено, но затоа вечно се прослави, и пред Владиката на сѐ стана наш застапник“ (седална стихира на Утрена на св. Константин Кавасила). 

 

Споменот на светиот апостол и евангелист Лука и на светиот Константин Кавасила, Архиепископ Охридски, и оваа година беше свечено прославен во манастирот „Св. вмч. Георгиј“ во с. Кнежино, Кичево. Празнувањето започна на 30.10.202 година, со празнична Вечерна богослужба, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски и свештениците Горан Ставрески, Александар Матески и Александар Димоски. Прославувањето продолжи утредента, на 31 октомври, со света Архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Митрополитот Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, свештениците Горан Ставрески, Александар Матески и Александар Димоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните со пригодна беседа, којашто подолу во целост ви ја пренесуваме. По завршувањето на Литургијата, беше одран и редовниот годишен свештенички семинар, а овогодишен предавач беше протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, кој даде еден исцрпен историско-литургиски реферат за настанокот и развојот на Литургијата на Претходноосветените дарови. По предавањето се разви и богата дискусија, а сите имаа прилика и да слушнат и научат многу нови работи за оваа Божествена Литургија. Во продолжение ви ја пренесуваме беседата од Митрополитот Тимотеј.

Повеќе...

„Сите набожно да ја воспееме сечесна Параскева, светата застапница на оние кои се во неволји, зашто таа го остави гнилежниот живот, и прими негнилежен за вечноста; затоа, по Божја заповед, најде слава и благодат да прави чудеса“ (кондак на Утрена на празникот на преп. мајка Параскева - света Петка).

 

На 27.10.2022 година, на празникот на преподобната мајка Параскева - света Петка, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофорите Никола Христоски, Сашо Богданоски, Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештеникот Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.

Повеќе...
Страница 8 од 257

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Март 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
23 24 25 26 27 28 1
2 3 4 5 6 7 8
9 10 11 12 13 14 15
16 17 18 19 20 21 22
23 24 25 26 27 28 29
30 31 1 2 3 4 5