На празникот на светиот апостол Тимотеј, небесниот покровител на Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, се служеше празнична света, божествена Литургија во Плаошкиот манастир „Свети Климент и Свети Пантелејмон“ во Охрид.

Согласно зборовите на богоносецот Игнатиј, антиохискиот епископ: „Каде што е епископот, таму е и Црквата“, свештениците и верниот народ, собрани околу својот епископ, присуствуваа на заедничкото литургиско собрание, принесувајќи му слава и благодарност на милостивиот и човекољубив Бог за сите Негови добрини, како и за тоа што ни дарил онаков Пастироначалник за каков што читаме во Светото писмо: „Јас сум добриот Пастир; и ги знам Моите, и Моите Ме знаат Мене“.

 

best Running shoes | NIKE Chaussures, Sacs, Vetements, Montres, Accessoires, Accessoires-textile, Beaute, Sous-vetements - Livraison Gratuite
Повеќе...

Веќе четврта година по ред, во црквата „Свети Ѓорѓи“ во Охрид се одржуваат часови по веронаука за деца и возрасни. Целта на предавањата е нашите верници да добијат правилна и елементарна насока во верата, да сфатат колкаво е значењето на учењето на Православната црква за целокупниот живот на човекот, како и да се запознаат со моралните начела кои ни ги налага општеството.

Во рамките на часовите по веронаука се организираат и хуманитарни акции, преку кои им се помага на социјално загрозените семејства, на децата заболени од целебрална парализа како и на болните и на старите лица сместени во болницата „Свети Еразмо“ во Охрид.
 

short url link | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

И ќе се јави славата Господова, и сите луѓе ќе го видат спасението од Бога; зашто устата Господова го изрече тоа (Исаија 40, 5).

Ова пророштво се исполнило на денот на Христовото крштевање на реката Јордан, односно на празникот Богојавление, ден кога Бог му се открил на целиот свет во три лица. На овој ден Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители од Охридското архиерејско намесништво, отслужи света, архиерејска Литургија во црквата „Света Богородица – Каменско“. По светата Литургија, Митрополитот Тимотеј заедно со свештенослужителите и верниот народ, во свечена литија и со пеење на празничниот тропар се упати кон градското пристаниште. Кон многуилјадниот народ, пристигнат од сите краеви на светот, Митрополитот Тимотеј се обрати со празнична беседа, која интегрално ви ја пренесуваме:

Sportswear free shipping | ナイキ エア マックス エクシー "コルク/ホワイト" (NIKE AIR MAX EXCEE "Cork/White") [DJ1975-100] , Fullress , スニーカー発売日 抽選情報 ニュースを掲載!ナイキ ジョーダン ダンク シュプリーム SUPREME 等のファッション情報を配信!
Повеќе...

"Денес небото се откри на луѓето. Денес благодатта Божја обилно се излева на светот и му дава крилја на човекот за служба на Бога и на ближните; денес силата одозгора ја поросува човековата душа и ја воздигнува нагоре; денес човековата природа се мие во струите јордански и постанува нова твар."

Како што вели апостол Павле: "Се јави благодатта Божја, спасителна за сите луѓе."

 

best Running shoes brand | Women's Nike Superrep
Повеќе...

Денот кога Православната црква го прославува Соборот на свети Јован Пророк, Претеча и Крстител Господов, во црквата „Свети Јован Канео“ се служеше света, архиерејска Литургија на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски, г. Тимотеј, во сослужение на архимандрит Нектариј, игумен на манастирот „Свети Наум Охридски, свештеник Димче Ѓорѓиески, парох Варошки, свештеник Игор Никовски, секретар на Дебарско-кичевскатра епархија, свештеник Никола Христоски, редовен свештенослужител во Плаошкиот манастир и ѓаконите: Димче Азески и Николче Ѓурѓиноски.

По светата Литургија се освети и се прекрши празничниот колач.

latest Nike Sneakers | Best Custom Jordans of All Time - Fashion Inspiration and Discovery
Повеќе...
Страница 282 од 288

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Септември 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
31 1 2 3 4 5 6
7 8 9 10 11 12 13
14 15 16 17 18 19 20
21 22 23 24 25 26 27
28 29 30 1 2 3 4