„Да се очистиме, браќа, со царицата на добродетелите (покајанието), зашто, ете, таа дојде, давајќи ни богатства на добра: таа ги лекува раните на страстите и со Господа ги смирува оние што згрешиле; затоа со радост да ја примиме, викајќи кон Христа Бога: Ти, Кој воскресна од мртвите, неосудени запази нè, нас кои Те славиме Тебе, единствениот безгрешен“ (хвалитна стихира на Недела Месопусна).

На 23.02.2104 година, во денот на Месопусната Недела и споменот на светиот свештеномаченик Харалапмиј, во храмот „Успение на Пресвета Богородица – Каменско“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Ѓорѓи Блажевски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. На Литургијата присуствуваше многуброен верен народ, а истата беше збогатена со прекрасното пеење на двата хора, едниот, помладиот, хорот при храмот „Пресвета Богородица – Каменско“, а другиот - машкиот црковен хор „Св. Климент Охридски“.

Best Nike Sneakers | Nike Air Max 270 - Deine Größe bis zu 70% günstiger
Повеќе...

На 08.02.2014 година, во просториите на Административниот центар на Дебарско-кичевската епархија во Охрид, беше одржана редовната седница на Епархискиот управен одбор на Дебарско-кичевската епархија. На состанокот беше усвоена Завршната сметка за 2013 година, а беше одобрен и Предлог буџетот за 2014 година. На состанокот беа разгледани и други тековни прашања од животот на Епархијата, а присутните беа информирани и за повеќето проекти кои се започнати, но и кои треба да започнат во наредниот период. Меѓу другото, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во својство на Претседател на Епархискиот управен одбор, ги информира членовите за изградбата на конаците во манастирот Пречиста Кичевска и во манастирот „Вознесение Христово“ во с. Г. Лакочереј, Охрид, а ги запозна и со идејното решение за изградбата на Црковниот музеј во Охрид.

affiliate tracking url | GOLF NIKE SHOES

Повеќе...

На 06.02.2014 година, по повод 121-годишнината од смртта на истакнатиот охридски и македонски писател Григор Прличев, на неговото вечно почивалиште во Охрид, во дворот на храмот „Пресвета Богородица Перивлепта“, беше извршена Панихида, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на свештениците Љупчо Симиџиески и Никола Христоски. На гробот на борецот за возобновување на Охридската архиепископија, свежо цвеќе положија: градоначалникот на град Охрид, д-р Никола Бакрачески, правнуката на Григор Прличев, Олга Григорова Прличева, како и други значајни личности од културниот и јавен живот. Нека му е вечен споменот!

short url link | off white nike blazer retail shoes Verona Multi-Color DJ5065-144 , Fitforhealth

Повеќе...

„Богомудар Тимотее, ти си пиел од потокот на сладоста, и богомудро си ги напоил со богопознание и оние што сакаат топло да Го подражаваат Христа. Затоа си отишол при Него радосно, созерцавајќи ја пресветлата слава на Света Троица, и неизмерно силниот мир“ (стихира на Господи повикав... на Вечерна на св. ап. Тимотеј).

На 04.02.2014 година, во манастирот „Св. Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, го прославивме споменот на светиот апостол Тимотеј, како и именденот на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј. Празнувањето започна ден претходно со свечена Вечерна богослужба, на која началствуваше протоереј-ставрофор Сашо Богданоски, во сослужение на протоереите Димче Ѓорѓиески и Игор Никовски, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески и ѓаконот Сашо Целески. На Вечерната беше присутен и Митрополитот Тимотеј.

trace affiliate link | Nike Off-White

Повеќе...

„Спасителу наш, кога се крсти во Јордан, ги освети водите, прифаќајќи еден слуга да ги положи своите раце врз Тебе, за да го исцелиш светот од страстите. Голема е тајната на Твоето јавување! Човекољупче Господи, слава Ти“ (хвалитна стихира на Утрена на Богојавление).

Дојдете да Го славиме Оној, Кој денес и се јави на вселената и Кој ја покажа Неговата светлина врз нас. Беспочетното Слово, денес Отецот Го прослави меѓу луѓето и непогрешливо изјави: Овој е Мојот возљубен Син, Кој Ми е рамен по природа.

Денешниот велик празник, светото Богојавление на нашиот Господ Бог и Спасител Исус Христос, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше прославен со света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф, свештениците Никола Христоски, Димче Азески и Горан Ставрески, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Саше Целески. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на Големиот (Богојавленски) водосвет, а потоа сиот верен народ, заедно со свештенството, предводено од Митрополитот Јосиф, со свечена литија тргна кон градското пристаниште, каде беа осветени водите на Охридското Езеро и беше фрлен светиот Крст во осветените води. Кум на годинешната манифестација во Охрид беше градоначалникот на Охрид г-дин Никола Бакрачески, како и бизнисменот г-дин Сашо Симески. На осветувањето на водите во Охридското Езеро присуствуваше и Премиерот на Р. Македонија г-дин Никола Груевски, Претседателот на Собранието на Р. Македонија, г-дин Трајко Вељаноски, како и други пратеници, членови на дипломатскиот кор, како и илјадници верници од земјава и странство. Помеѓу многубројните верници, кои скокаа по светиот Крст, најсреќен беше Петар Рупески од Охрид, кој годинава по вторпат го фаќа крстот.

best Running shoes brand | Nike Shoes

Повеќе...
Страница 207 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5