На 12.03.2023 година, во Втората недела од Великиот пост - Недела на св. Григориј Палама, и на празникот на св. мч. Агатангел Битолски, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во капелата во Митрополитската резиденција во Охрид, изговори пригодна беседа, упатена кон сите верни чеда, а истата Ви ја пренесуваме во целост.
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
ПРВА НЕДЕЛА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ - НЕДЕЛА НА ПРАВОСЛАВИЕТО
„Денешниов ден е полн со радост и веселба, зашто блеска светлината на вистинските догмати, и свети Црквата Христова, украсена сега со враќањето на светите икони, и меѓу верниците владее богодостојно едномислие“ (хвалитна стихира на Утрена во Првата недела од Великиот пост).
На 05.03.2023 година, во Првата недела од Великиот пост - Неделата на православието, во храмот „Св. Никола Геракомија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот никодим, свештеникот Васил Михајлоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон присутните верници со пригодна беседа, којашто ви ја пренесуваме во целост.
ТОДОРОВА САБОТА
„Ништо не можат да му сторат на маченикот лакот и стрелите твои, непријателу на човековото спасение, бидејќи тој и по смртта живее и бдее, и им се противи на твоите злодела, за да го спаси секого што православно верува“ (песна од канонот на Утрена на Тодорова сабота).
На 04.03.2023 година, во првата Сабота од Великиот пост - Тодорова сабота, во манастирот „Свети Климент и Пантелејмон“ на Плаошник во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на протоерејот-ставрофор Никола Христоски, еромонахот Никодим и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, којашто интегрално ви ја пренесуваме.
ПОКЛОНЕНИЕ ВО ЦАРИГРАД
Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во придружба на Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Струмички г. Наум, на свештеникот Александар Димоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски, на 02 и 03 март оваа година, беше на поклонение на светињите во Великата Вселенска патријаршија. Митрополитот, заедно со придружбата, беше примен и од страна на Неговата Сесветост Вселенскиот Патријарх г. Вартоломеј, а на негова покана, присуствуваше и на првиот официјален прием на новиот Кипарски Архиепископ г. Георгиј.
ПРВА СРЕДА ОД ВЕЛИКИОТ ПОСТ
„Да го распнеме телото со воздржание, да бидеме будни во молитвите, како што е напишано, и да живееме по примерот на Оној Кој пострада и страстите ги умртви“ (песна од канонот на Утрена во Прва среда од Великиот пост).
На 01.03.2023 година, во Првата среда од Великиот пост, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ - Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија на Претходноосветени дарови, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Плаошко-струшки и Дебарско-кичевски и Администратор Австралиско-сиднејски г. Тимотеј, во сослужение на архимандритот Нектариј, свештениците Атанас Казанџиски, Димче Азески и Васил Михајлоски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Марко Спасовски. По завршувањето на Литургијата, беше извршен чинот на светата Тајна покајание и исповед за свештенството од нашата Епархија, а потоа беше одржано и редовното свештеничко собрание. Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, којашто во целост ви ја пренесуваме.