„Ти си вистински бесмртен, како што тоа го кажува и твоето име (Атансиј), зашто ти со твојот збор си ги надминал дејствените (луѓе), победувајќи ги со својот строг живот и опитните говорници: и во двата погледа си ги надминал сите врвови. Затоа, откако болсна со неспоредлива добродетел, се здоби со бесмртен спомен во вековите“ (песна од Канонот на Утрена на св. Атанасиј Велики).
Како што пее и црковната песна, вечен им е споменот и бесмртен на оние кои секакви маки и страдања претрпеа во својот живот, но не поради свои причини, туку секогаш борејќи се за Вистината - за Христа. И по толку многу векови, Црквата не ги заборави Великите Атанасиј и Кирил, Александриските светила, кои и денес, со своите дела и животи, ни го осветлуваат патот кон вечниот и блажен живот. На овој свет ден, на 31.01.2016 година, кога го празнуваме споменот на двајцата Велики учители, во храмот „Св. вмч. Ѓорѓи“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на Митрополитот Струмички г. Наум, Митрополитот Тетовско-гостиварски г. Јосиф и Митрополитот Кумановско-осоговски г. Јосиф, игумените Гаврил и Григориј, протоереите Никола Христоски и Игор Никовски, протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски и ѓаконот Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, Митрополитот Тимотеј се обрати со пригодна беседа кон многубројниот верен народ, а игуменот Гаврил им подели нафора на верниците. Во продолжение, интегрално ви ја пренесуваме беседата на Митрополитот Тимотеј.
affiliate tracking url | GOLF NIKE SHOES