„Сите да го воспееме Христовиот јерарх Атанасија, зашто ги уништи сите Ариеви мислења, и силата на Света Троица во целиот свет јасно ја проповеда, единствениот неразделен Бог во Три Лица, Кого што тој Го моли за нас, кои со вера го славиме неговиот спомен“ (стихира на Слава... на Господи повикав... на Вечерна на свети Атанасиј и Кирил Александриски).

На 31.01.2015 година, во манастирот „Св. Атанасиј Велики“, метох на манастирот „Св. Наум Охридски“ во Љубаништа, Охрид, а по повод празнувањето на светите Атанасиј и Кирил Александриски, беше отслужена света Литургија, на која началствуваше архимандритот Нектариј, игумен на манастирот, во сослужение на протоереј Димче Ѓорѓиески, свештеник Никола Христоски и ѓакон Сашо Целески. По завршувањето на Литургијата, архимандритот Нектариј се обрати кон верниците со пригодно слово, а потоа беше и прекршен празничниот колач.      

jordan Sneakers | BAPE adidas Superstar Green Camo GZ8981 Release Date - SBD
Повеќе...

На 25.01.2015 година, во 33 Недела по Педесетница и на празникот на св. мч-чка Татјана и св. мч. Петар Авесаломит, во храмот „Св. вмч. Димитриј Солунски" во Волонгонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, во сослужение на протоереј-ставрофор Љубомир Милошевски, протоереј Александар Ивановски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата, беше прекршен празничниот колач, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

bridge media | NIKE

Повеќе...

На 24.01.2015 година, Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и администратор на МПЦО во Австралија г. Тимотеј, чиноначалствуваше на светата архиерејска Литургија во храмот „Св. Никола" во Кабрамата, Австралија, во сослужение на протоереј-ставрофор Ѓорѓи Лапоски и протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. Пред почетокот на Литургијата, Митрополитот Тимотеј го освети новиот иконостас во резба, а по завршувањето на Литургијата, се обрати кон верниот народ со пригодно слово.

Nike footwear | 『アディダス』に分類された記事一覧

Повеќе...

На 20.01.2015 година, на празникот Собор на светиот славен пророк, Претеча и Крстител Јован, во храмот „Св. Јован Крстител, во Џилонг, Австралија, беше отслужена света архиерејска Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на МПЦО во Австралија г. Тимотеј, во сослужение на повеќе свештенослужители од Австралија и во придружба на протоѓаконот Николче Ѓурѓиноски. По завршувањето на Литургијата беше прекршен празничниот леб, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниот македонски народ со пригодна беседа, која интегрално ви ја пренесуваме.

latest Nike release | Buy Yeezy Slides 'Core' - Kanye West x Adidas — Ietp

Повеќе...

На 19.01.2015 година, на празникот Свето Богојавление на Господ Бог и Спасител наш Исус Христос, во храмот „Успение на Пресвета Богородица во Сиденхам, Мелбурн, беше отслужена света архиерејска Василиева Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски и Администратор на МПЦО во Австралија, во сослужение на повеќе свештенослужители. По завршувањето на Литургијата беше извршен и чинот на Голем (Богојавленски) водосвет, а Митрополитот Тимотеј се обрати кон верниците со пригодна беседа, која подолу во целост ви ја пренесуваме.

Sport media | 【国内5月2日発売予定】ナイキ ウィメンズ エアマックス ココ サンダル 全4色 - スニーカーウォーズ

Повеќе...
Страница 190 од 293

Fotogalerija

galerija

Izdava{tvo

izdavastvo

Crkoven kalendar

Јуни 2015
Пон Вто Сре Чет Пет Саб Нед
1 2 3 4 5 6 7
8 9 10 11 12 13 14
15 16 17 18 19 20 21
22 23 24 25 26 27 28
29 30 1 2 3 4 5