Останувајќи верни на традицијата, и оваа година Неговото Високопреосвештенство Митрополитот Дебарско-кичевски г. Тимотеј, не остави, а да не ги израдува најмладите – дечињата со прекрасни божикни пакетчиња, за и тие радосно и со сиот глас да повикаат: Христос се роди! Имено, на 07.01.2015 година, во просториите на Митрополитскиот административен центар на Дебарско-кичевската епархија, со седиште во Охрид, Митрополитот Тимотеј организираше прием на свештенството со нивните дечиња, а по повод празникот Рождество Христово – Божик. Митрополитот им подели божикни пакетчиња на најмладите, а тие со искрена радост и благодарност, му ја целиваа десницата на Дедо владика и се заблагодарија!
НАЈНОВО ОД ДЕБАРСКО-КИЧЕВСКАТА ЕПАРХИЈА
Рождество Христово - Божик
„Небото Ти ги принесе првините на народите, Тебе, Младенецот Кој лежеше во јаслите, Кој со помош на ѕвездата ги повика Мудреците (од Исток); тоа што нив ги зачуди, не беа ниту скиптарите, ниту престолите, туку Твојата крајна сиромаштија! А што можеше да биде победно од пештерата? Што – поскромно од пелените? А во нив засветли богатството на Твоето божество! Господи, слава Ти" (Ипакој на Утрена на Рождество Христово).
Бадник
„Денес, кога се роди Христос, небото и земјата се соединија; денес дојде Бог на земјата, а човекот се искачи на небото; денес, невидливиот по природа, заради човекот станува видлив по тело. Затоа и ние, славејќи да Му запееме: Слава на Бога во висините, а на земјата мир, што го дарува Твоето пришествие, Спасителу наш, слава Ти" (литиска стихира на Вечерна од Рождество Христово).
Running Sneakers | Mens ASICS GEL-Kayano 28 Running Shoe at Fitforhealth
Преподобен Наум Охридски чудотворец
„Целиот свет си го сметал за ништо, блажени Науме, а право си Го возљубил Христа и ближниот, и си ги смирил луѓето меѓу себе разделени заради верата, со Оној што сите ги зближува" (песна од Канонот на Утрена на преподобен Наум Охридски).
Вечерна богослужба на преподобен Наум Охридски
„Сите оние што се собрале со љубов да го прославата твојот чесен спомен, и со вера стојат пред гробот на твоите свети мошти и набожно се поклонуваат, ослободи ги од болести и паѓања, од секаква опасност и неволји, од демонско искушение, од неправедни луѓе кои го сакаат злото, бидејќи за најтопол помошник те придобивме" (стихира на Господи повикав... на Вечерна на преподобен Наум Охридски Чудотворец).