„Стариот закон, Пречиста, преславно те предвидуваше како скинија и божествен сад, необичен Ковчег и царска завеса, и жезол неразрушлив и врата Божја. Затоа нè учат да ти викаме: Навистина си повозвишена од сите, Дево Пречиста" (песна од канонот на празникот Воведение во храмот на Пресвета Богородица).
Денес Божјата Мајка и Царица во домот Господов се воведува, а со себе и благодатта на Светиот Дух ја воведува. Затоа и ангелите и човечкиот род го воспеваат родот на праведните Јоаким и Ана, светлата небесна Скинија, Пресветата Владичица наша Богородица.