Преку ова издание на Дебарско-кичевската епархија на православните верници им се нудат прекрасни молитвени творби на истакнати молитвеници со кои верниците може да се молат во своите домови. Покрај утрените, вечерните и молитвите во текот на денот, во молитвеникот се поместени и молитви за разни потреби, молитви кои се читаат при духовна борба и кога сме нажалени, извадок од Покајниот канон на свети Андреј Критски, Акатистот на Пресвета Богородица, како и тропари на поголемите празници на црковнословенски и македонски јазик.
Формат: тврда корица
Број на страни: 278
Цена: 400 ден.






