Оваа мала, но многу практична богослужбена книга е наменета за свештенослужителите, а особено е практична поради малите димензии. Во неа се поместени последованијата на Вечерната и Утрената богослужба, како и на Литургијата на свети Јован Златоуст. На крај како практичен додаток се поместени Благодарствените молитви, молитвите за облекување на архиерејска литургија, возгласите од пасхалната утрена и входните прокимени кои се на црковнословенски јазик.
Формат: тврда корица
Број на страни: 236
Цена: 350 ден.






