-
Воскресение Христово – Велигден
„Пасха свештена денес ни се покажа, Пасха нова света, Пасха таинствена, Пасха сечесна, Пасха – Христос избавител; Пасха непорочна; Пасха велика; Пасха на верните; Пасха што ни ги отворарајските врати; Пасха која ги осветува сите верни.“ На 12.04.2026 година, на денот на сесветлото, торжествено и победоносно Воскресение Христово, на најсветлиот празник над празниците, Велигден, во…
-
Велики Петок – Вечер
Живот си, Христе,Но в гроб Те ставија,Ангелските воинства се исплашијаСлавејќи го Твоето смирение. На 10.04.2026 година, во Светиот и велик петок, во вечерните часови, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско, во Охрид, беше отслужена Утрена богослужба со Оплакување и Опело на нашиот Спасител Господ Исус Христос, на којашто чиноначалствуваше Неговото Високопреосвештенство, Митрополитот Дебарско-кичевски…
-
Велики Петок – Утро
„Тебе, Творецот на сѐ и Бога, гледајќи Те на крстот, Христе, онаа која бессемено Те родила, горко викаше: Сине мој, каде зајде Твојата убавина! Не можам да гледам како Те распнуваат неправедно: но, побрзај, стани, за да го видам и јас Твоето тридневно од мртвите воскресение.“ На 10.04.2026 година, на Велики петок наутро, во храмот…
-
Велики Четврток – Вечер
„Сета твар се менуваше од страв, гледајќи Те како висиш на крстот, Христе: сонцето се помрачи, и основите на земјата се тресеа: сите сострадаа со Оној Кој создал сѐ: Господи, Кој доброволно претрпе заради нас, слава Ти.“ На 09.04.2026 година, на Велики Четврток навечер, кога ги славиме светите, спасителни и страшни страдања на Господа Бога…
-
Велики Четврток – Утро
„Јагнето што го навести пророк Исаија, оди на доброволно колење, и дозволува да биде биено по плеќите и образите; без да го свртува лицето од плуканиците, на срамна смрт се осудува; и Он, безгрешниот, доброволно прима сѐ, за да им дарува на сите воскресение од мртвите.“ На 09.04.2026 година, на Велики четврток наутро, кога ги…
-
Велика Среда
„Блудницата ги пружи косите свои пред Тебе, Господи, а Јуда ги пружи рацете пред беззакониците: таа – за да прими простување, а тој – за да земе сребреници. Затоа Тебе, продадениот и Кој нас нѐ ослободи, Ти викаме: Господи, слава Ти.“ На 08.04.2026 година, во Светата и велика среда, во храмот „Свети Великомаченик Георгиј“ во…
-
Велики Вторник и Благовештение на Пресвета Богородица
,,Твојата свадбена одаја, Спасителу мој, ја гледам украсена, а облека немам да влезам во неа. Просветли ја облеката на душата моја, Дарителу на светлина и спаси ме.” На 07.04.2026 година, во светиот и Велик Вторник и на празникот Благовештение, во храмот „Св. Софија“ во Охрид, беше отслужена света архиерејска Златоустова Литургија, на која чиноначалствуваше Неговото…
-
Велики Понеделник
„Откако стигнавме, верни, до спасителното страдање на Христа Бога, да го прославиме Неговото неискажливо долготрпение, та со Своето милосрдие, да нѐ издигне со Себе и нас умртвените од гревот, како добар и Човекољубец.“ На 06.04.2026 година, во светиот и Велик понеделник, во храмот „Успение на Пресвета Богородица“ – Каменско во Охрид, беше отслужена света архиерејска…
-
Лазарева Сабота
„Христе Боже, за да нè увериш во општото воскресение, пред Твоите страдања, го воскресна Лазара од мртвите. Затоа и ние, носејќи како децата знаци на победата, Ти викаме Тебе, Победителу на смртта: Осана во висините! Благословен е Оној што иде во името Господово!“ На 04.04.2026 година, во саботата од шестата седмица на Великиот пост – Лазарева…
-
Петта недела од Великиот пост – Недела на света Марија Египетска
„Порано исполнета со секакви блудни дејства, сега со покајание се покажа Христова невеста; ангелскиот живот подражавајќи го, со оружјето на крстот демоните ги погубува. Поради тоа се покажа невеста на Царството, Марие преславна.“ На 29.03.2026 година, во Петтата недела од Великиот пост – Недела на светата Марија Египетска, во храмот „Света Троица“ во Охрид, беше…









